Линкови за пристапност

Седница на Советот за безбедност: главна тема - прифаќање на бегалци од Авганистан


Седница на Советот за безбедност: главна тема - прифаќање на бегалци од Авганистан
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:38 0:00

Повеќе од 3 часа државно-владиниот врв и шефовите на безбдносните служби разговараа во кабинетот на претседателот Пендаровски каде се одржа седница на Советот за безбедност. Шефот на државата го свика состанокот за да се разгледаат 2 клучни прашања – ситуацијата со цивили-бегалци од Авганистан кои се наоѓаат на територијата на Северна Македонија и поставеноста на системот за управување со кризи.

И двете теми се поврзани со недамнешни настани – пристигнувањето на првата група бегалци од Авганистан и пожарите кои во август го опустошија источниот дел од земјава.

Околу прифаќањето на граѓани-цивили од Авганистан надлежните министри и претставниците на институциите информирале за досегашните активности за згрижувањето на овие лица за кои, како што се вели во соопштението објавено по средбата, се направени сите безбедносни проверки и за кои се изработени безбедносните протоколи за нивен престој во државата. Дополнителни детали за тоа дали и кога може да се очекуваат нови групи бегалци не се соопштуваат.

Во однос на летните пожари, Советот за безбедност и предложил на Владата во најкус можен рок да се формира работна група која ќе ја согледа состојбата со системот за управување со кризи. „Имајќи ги предвид неодамнешните состојби со пожарите, работната група треба да предложи конкретни мерки со цел системот за управување со кризи да биде пофункционален и поефикасен“, се вели во соопштението.

Нема информации дали на седницата евентуално се отворило прашањето за страотниот пожар во тетовската модуларна болница кој однесе 14 животи.

Немаше ниту можност за новинарски прашања, бидејќи за разлика од другите седници на Советот за безбедност, по денешната изјави не беа предвидени.

XS
SM
MD
LG