Линкови за пристапност

Обвинителството побара да се одземе документацијата за модуларната болница


Истрагата потврди, ковид протоколите се прекршени - во пожарот настрадаа двајца цивили кои биле во модуларната болница иако тоа е најстрого забрането. Ангажиран е вештак за електричната инсталација, земени се снимките од безбедносните камери а лекарите кои биле во болницата се повикани на распит

Истрагата на Обвинителството ги потврди изјавите на очевидци дека во модуларната болница во Тетово пристап имале членови на семејствата на заболените. Обдукцијата потврди дека двајца од настраданите во пожарот не се пациенти во модуларната болница туку се членови на најблиското семејство кои во моментото на пожарот биле во објектот. Ковид протоколите во болницата биле прекршени.

„Од починатите, две лица и тоа сопруга на пациент и ќерка на пациентка се надворешни лица кои не биле хоспитализирани. Причината за нивното присуство во моментот на несреќата, односно дали биле подолго време присутни во болницата или влегле внатре по опожарувањето за да ги извлечат своите роднини се истражува“, соопштија од Обвинителството.

Обвинителството и наложи на тетовската полиција од Тетовската болница да ја обезбеди односно одземе целокупната документација за изградбата на модуларната болница како и од фирмата ангажирана како изведувач.

Од Обвинителството информираат дека се подигнати видео записите од безбедносните камери од болницата но и од околните објекти како и од очевидци и од социјалните мрежи.

Подигнати се материјали од модуларната болница а ангажиран е и вештак кој треба да се фокусира на делот со електричните инсталации.

„Донесени се наредби до ОКТИВ-Скопје за подигнување матријални докази и обезбедување на трагите од местото на настанот, како и наредби за нивно вештачење, со цел утврдување на причинско-последичната врска за настанување на пожарот. Во таа насока донесена е наредба за ангажирање на вешто лице од областа на електротехниката, кој беше присутен и на самото место во опожаренито објект и чија експертиза ќе одговори на прашањата за причинско-последичната врска за настанување на пожарот“, стои во соопштението на Обвинителството.

Во рамките на досегашната истрага повиканина распит се дел од лекарскиот персонал кој бил во Модуларната болница во моментот на пожарот но и дурги лица.

Во Институтот за судска медицина заврши обдукцијата на 15 тела донесени од болницата во Тетово, по пожарот којшто завчера ја пеплоса модуларната болница во којашто се лекуваат заболени од Ковид-19. Станува збор за 14 лица кои починаа како последица на пожарот кој избувна а петанесетта жртва е девојка која лекарите се обидувале да ја реанимираат во моментот кога избувнал пожарот

Од Државниот здравствен и санитарен инспкеторат (ДЗСИ) инфомираат дека досега не добиле налог од министерството за здравство и минстерот Филипче за вонреден надзор околу веќе потврдените наводи за кршење на Ковид протоколите, како што тој најави на вчерашната прес конференција, но и дека законски тоа сега може да го побара само Јавното обвинителство. Оттаму додаваат дека последниот надзор е направен на 13 август и дека е доставен записник.

„Во врска со трагичниот настан кој се случи на 8 септември оваа година, ДСЗИ не може да утврди фактичка состојба после изминати два дена од настанот, понатаму не постои налог од министерот за здравство за вршење на вонреден надзор и последно, но и најважно, во фаза на водење на истрага од страна на Јавното обвинителство, ниту министерот ниту било кој друг орган не може да му наложи на ДСЗИ да спроведува надзор над субјект кој е предмет на кривична истрага. ДСЗИ ќе постапи и ќе ги стави на располагање сите свои стручни капацитети само врз основа на налог на Јавното обвинителство“, соопштија од ДЗСИ.

Своја истрага води и Обвинителството за гонење на организиран криминал кои веќе ја побарале тендерската документација за модуларната болница.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG