Линкови за пристапност

Македонија слави три декади независност


Македонската држава полни 30 години. Денеска се слави Денот на независноста – 8 септември. Пред три декади години беше спроведен успшениот референдум на кој граѓаните со оргомно мнозинство одлучија Македонија да биде самостојна и суверена држава.

Триесет години независност и самојстојност. Денеска се слави еден од најголемите државни празници , Денот на независноста, а македонската држава денеска полни триесет години, години исполнети со подеми и падови, со успеси и неуспеси на вантрешен и меѓународен план.

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 8 Септември, Денот на независноста, ги одликуваше Стојан Андов, прв претседател на првото повеќепартиско собрание и пратениците во Собранието на Република Македонија во мандатниот период од 1990 до 1994 година, со Орден „8 Септември".

Во рамките на прославата и премиерот Зоран Заев се сретна со пратениците од првиот собраниски состав.

„Посебно чувство на благодарност и на почит се воспоставува на средба со претставниците на генерацијата која го понесе товарот на прогласувањето на самостојноста и на меѓународното признавање на нашата држава во редот на современите демократски држави. Наша должност е да ја прифатиме независноста со сета почит кон генерацијата што го зачува континуитетот на државноста, и да прифатиме дека сите сме одговорни да ја чуваме и развиваме Северна Македонија за нас и за идните поколенија“, напиша премиерот на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Централната прослава ќе се одржи попладнево со дефиле на здравствени работници, спортисти, рудари, припадници на АРМ и МВР а потоа ќе следи и официјалното обраќање на претседателот Пендаровски и премиерот Заев.

Македонија прогласи независност откако успешно го спроведе референдумот на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснуваа на прашањето: „Дали сте за самостојна Македонија со право да стапи во иден сојуз на суверени држави на Југославија?“. Според конечните, официјални резултати од 1.495.626 гласачи, на Референдумот излегоа 1.021.880 или 71,85 проценти од граѓаните со право на глас. Од нив 95,09 отсто гласаа за самостојна и независна Македонија.

Вечрета на 8-ми септември 1991-та, претседателот Киро Глигоров, во придружба на премиерот Никола Кљусев, бројни политичари и граѓани, соопшти дека народот гласаше за самостојна македонска држава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG