Линкови за пристапност

Бајден во посета на регионот погоден од Ајда


Американскиот претседател Џо Бајден во вторник патува за Њујорк и Њу Џерси да направи увид во штетата оставена зад ураганот Ајда, кој донесе. поплави и торнада во. регионот.

Бајден во понеделникот одобри прогласување на катастрофална ситуација за делови на Њујорк и Њу Џерси кои беа најтешко погодени од невремето минатата недела, ослободувајќи финансиска помош од националната влада.

Помошта ќе биде достапна за бизниси и поединци во шест општини во Њу Џерси и пет во Њујорк, каде рекордни врнежи од дожд ги прелеаја коритата на реките, го преоптоварија системот за отпадни води и поплавија патишта, домови и продавници.

Невремето уби најмалку 50 лица во шест источни држави во САД, вклучувајќи 27 во Њу Џерси и 13 во Њујорк, откако остави траги на пустош и уби 12 лица во јужната држава Луизијана, 2.100 километри подалеку, каде. ураганот првично удри на копно од Заливот на Мексико.

XS
SM
MD
LG