Линкови за пристапност

Раст на македонската економија - дали е на повидок постпандемиско закрепнување?


Раст на македонската економија - дали е на повидок постпандемиско закрепнување?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:19 0:00

Владата, повикувајќи се на последните економски податоци, излезе со тврдење дека кризата предизвикана од пандемијата одминува, дека економијата заздравува и дека во наредниот период ќе продолжи да расте. „Во првото полугодие од годинава забележан е раст од 5,6 насто на БДП, намалена е невработеноста на 15,9 проценти, зголемен е бројот на вработени во Технолошко индустриските развојни зони на повеќе од 14.000 лица со најава за раст...“ – овие информации беа сооопштени на Конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид-19“.

„Учиме од минатото, делуваме во сегашноста, а се подготвуваме за иднината. Во согласност со оваа амбиција проектираме од 4,1 проценти на БДП за 2021 и просечен раст од 5,4 проценти за наредните 5 години. За ова да не остане само желба подоготвивме финансиски план за заздравување на економијата по ковид 19 пандемијата и да се овозможи забрзан и одржлив раст“ вели Фатмир Бесими, министер за финансии.

Тој план, според премиерот Заев, предвидува финансирање на закрепнување на економијата по пандемијата и поддршка за забрзан одржлив раст со паралелно одржување фискална стабилност.

„Планот дефинира Патоказ/Акциски план за имплементирање на активностите, заокружување и забрзување на почнатите и временски приказ за старт на идните проекти. Покрај тоа, дефинира прецизно поставена владина структура на единици и поделба на ингеренции кои ќе водат до успешна имплементација. Прв пат велиме да воспоставиме Delivery Unit, Monitoring Unit и PIMA преку кои ќе имаме навремен целосен увид за одредени приоритети, реализација, слабости, пречки и најургентни задачи. Јас искрено верувам дека ова е начинот да ги совладаме институционалните слабости и да ги зајакнеме нашите капацитети“ вели премиерот Зоран Заев.

Американската амбасадорка во земјава смета дека домашната економија покажала дека може да ги искористи можностите и промените кои настанаа откако светот влезе во пандемија. Ги пофали стимулативните мерки кои имаа за цел заштита на работните места.

„Оваа земја докажа дека има волја да ги искористи промените со кои се соочува, да не заборавиме уште на почеток на пандемијата кога немаше набавки, текстилните компании брзо почнаа со масовно производство, произвеудваа маски. Се овозможи помош на најранливите категори, Владата брзо имплементираше широк опсег стимулативни мерки кои ги заштити работните места. Вашата економија покажа дека може да се адаптира и да успее, да ги надмине предизвиците. Тука е волјата и енергијата, не само да се излезе посилен од кризата, туку и да се воспостават основи за економија која ќе се движи понатаму. САД ќе продлжат со поддршката зашто вашиот успех ни е важен“ изјави амбасадорката на САД, Кејт Мери Брнз.

„Finance Think“ – Институтот за економски истражувања и политики смета дека растот на БДП во вториот квартал од годината е резултат на масовната имунизација на населението и на нормализацијата на економските текови. Сепак, и покрај позитивните прогнози на владата, оваа организација смета дека неизвеноста во економијата во овој период пак е зголемена поради четвртиот бран од пандемијата.

XS
SM
MD
LG