Линкови за пристапност

Талибан објави победа во Панџир, опозицијата негира


Талибан во понеделник објави дека ја поразиле северната Долина Панџир, каде беше единствениот вооружен отпор на нивното заземање на Авганистан.

„Оваа победа значи крај на војната во државата и отвара пат за мирољубив живот и просперитет во атмосфера на независност“, соопшти портпаролот на Талибан Забихула Муџахид.

Медиумскиот тим на Талибан објави неколку видеа за нивното преземање на Панџир и кревањето на знамето на Талибан на владини згради во провинцијата во понеделник.

Но, опозициските сили, познати како Национален фронт на отпор предводен од командантот Ахмад Масуд, го негираше талибанското тврдење на Фејсбук, што беше постирано од Али Маисам Назари, нивниот раководител за односи со странство.

Во постот ток кажа „Талибанското тврдење за окупација на Панџир е лажно. (Нашите) сили се присутни на сите стратешки позиции во долината и продолжуваат да се борат. Го уверуваме народот на Авганистан дека борбата против Талибан и нивните партнери ќе продолжат додека не победи правдата и слободата“.

XS
SM
MD
LG