Линкови за пристапност

Блинкен во дипломатска мисија за Авганистан


Американскиот државен секретар Антони Блинкен патува во Катар, а истото патување ќе го одведе и во Германија на разговори со важни американски сојузници за ситуацијата во Авганистан.

„Заминувам за Доха, Катар и Рамстеин, Германија каде ќе имам можност лично да им се заблагодарам на нашите пријатели од Катар и Германија за извонредната поддршка што тие ја дадоа за безбеден транзит на американските државјани, на Авганистанците и другите евакуирани од Авганистан“, порача на Твитер Блинкен, во неделата вачер.

Катар беше клучен центар за авоните на САД од Кабул и прва точка на слетување за илјадници авганистански бегалци по преземањето на власта од страна на Талибан минатиот месец.

Американскиот секретар за одбрана Лојд Остин исто така е во посета на американските сојузници на Блискиот исток за да им заблагодари за помошта во евакуацијата од Авганистан, и со американските трупи. Тој ќе застане во Катар, Бахраин, Кувајт и Саудиска Арабија.

Блинкен во среда заедно со германскиот Министер за надворешни работи Хеико Маасвиртуелно ќе води министерска средба за Авганистан со учество на 20 држави. Тој рече дека „20-те држави имаат удел во релоцирање и сместување на Авганистанци и држење на Талибан во согласност со нивните преземени одговорности.”

Талибан вети дека ќе овозможи безбеден премин на оние Авганистанци кои сакаат да ја напуштат државата, но многумина се сомневаат во веродостојноста на нивните ветувања.

XS
SM
MD
LG