Линкови за пристапност

Најмалку 8 загинати во поплавите во Њујорк и Њу Џерси


Властите соопштија дека најмалку осум луѓе загинаа во Њујорк и Њу Џерси како последица на историските поплави кои беа предизвикани од системот кој остана од ураганот Ајда кој го погоди североистичниот дел на САД само три дена откако првично удри во југоисточната сојузна држава Луизијана.

Бурата донесе големи количества на дожд па локалната служба за метеорологија за прв пат во историјата издаде предупредување за поплави за градовите Њујорк и Њуарк.

Рекордни 8 сантиметри дожд паднаа во Централ парк за само еден час, а голем дел од улиците беа претворени во реки.

Поплавени се повеќе автомобили и автобуси. Делови од подземната железница се исто така под вода, а во функција е само една метро линија.

Повеќе од 8 сантиметри дожд наврнаа и на аеродромот Њуарк кој беше затворен за авио сообраќај. Делови од аеродромот се поплавени, па патниците беа евакуирани на погорните катови.

Гувернерот Фил Марфи прогласи вонредна состојба за целата сојузна држава Њу Џерси.

Градоначалникот на Њујорк Бил де Бласио прогласи вонредна состојба за градот и забрана за користење на возила, освен оние на итните служби, до 5 часот наутро по локално време.

Вонредна состојба беше прогласена и на ниво на сојузната држава Њујорк.

Дел од информациите во овој извештај се од Асошиетед Прес, Ројтерс и АФП.

XS
SM
MD
LG