Линкови за пристапност

Ајда направи значително помалку штета отколку ураганот Катрина пред 16 години


Големината на ураганот може да има големо влијание врз неговата способност да создаде пораст на морската вода, познат како наплив на бура. Бурата на Катрина се искачи на околу 8,5 метри и беше примарна причина за смртта и уништувањето што ги предизвика

Со зајакнувањето на ураганот Ајда во Мексиканскиот Залив, стана очигледно дека бурата ќе ја погоди Луизијана во неделата, 29-ти август. Овој датум беше вознемирувачки за многу жители на Њу Орлеанс кои го преживеаја ураганот Катрина точно 16 години порано.

Со оглед на тоа што Ајда од категоријата 4 стигна на земја на таков озлогласен датум, многу вознемирени жители направија споредба со Катрина - еден од најсмртоносните и најштетните урагани во САД. Нема сомнение дека Ајда предизвика значителна штета на животи и инфраструктура во југоисточна Луизијана. Меѓутоа, постојат значителни разлики помеѓу двата урагани

Еве подетален поглед на некои од тие разлики и нивното влијание.

Јачина на ветрот

Во 2005-та година, Катрина пристигна во Луизијана како бура од категорија 3. Оваа недела, Ајда ги погоди како категорија 4, и скоро категорија 5. Ајда допре на копно во Порт Фурчон - само 80,4 километри западно од ураганот Катрина - со засилени ветрови кои достигнаа брзина од 240 кмч.Тоа беше петтиот најсилен ураган што некогаш го погодил континенталниот дел на Соединетите држави. За споредба, Катрина стигна на копно со максимален издржан ветер од 200 кмч.

Јачината на ветарот на Ајда се намали пред да стигне до Њу Орлеанс, но жителите кои останаа во градот известија дека седат во целосна темнина, бидејќи нивните домови беа погодени од застрашувачки ветрови повеќе од 10 последователни часа.

„Живеев овде цел живот, а Ајда беше најлошиот ветер што сум го доживеал. Се чинеше дека никогаш нема да заврши“, изјави за Гласот на Америка жител на Њу Орлеанс, кој остана во градот до вторникот.

Жртви

И покрај ветровите со поголем интензитет, најголемата разлика помеѓу двата урагани е дека Ајда резултираше со многу помалку загубени животи. Во 2005-та година, Катрина уби повеќе од 1.800 Американци - од кои речиси 1.600 беа од Луизијана.

После Ајда, досега се пријавени четири смртни случаи. Две од тие жртви се од Мисисипи, каде поројниот дожд предизвика уривање на автопат. Во Луизијана, имаше уште две смртни случаи. Едно лице беше погодено од дрво што падна пред главниот град Батон Руж, додека друго лице беше возач кој се удави во Њу Орлеанс.

Бројот на загинати најверојатно ќе расте бидејќи службениците стигнуваат до изолирани заедници, но бројот нема да почне да се приближува до оној на Катрина.

Големината на бурата придонесува за зголемување на бурата

Додека ветерот не беше толку силен за време на Катрина, големината на бурата беше многу поголема од Ајда. Ветрово поле е термин што се користи за да се опише областа на штетните ветрови од бурата. Катрина генерираше опасни тропски бури на 370 километри површина од неговиот центар, додека опасните тропски бури на Ајда беа проектирани на 225,3 километри.

Големината на ураганот може да има големо влијание врз неговата способност да создаде пораст на морската вода, познат како наплив на бура. Бурата на Катрина се искачи на околу 8,5 метри и беше примарна причина за смртта и уништувањето што ги предизвика.

Степенот на бурата на Ајда с’е уште не е познат, иако се чини дека не е ниту близу на нивоата на Катрина. Меѓутоа, некои градови надвор од системот за заштита од поплави во Њу Орлеанс добија катастрофални поплави.

Успешен систем за заштита од поплави

Бидејќи Њу Орлеанс е опкружен со вода, и голем дел од градот се наоѓа под нивото на морето, се потребни низа насипи и пумпи за да ги заштитат жителите. Пред шеснаесет години, тој систем беше поразен. Зголемените води потопија 80 отсто од Њу Орлеанс.

Во годините по Катрина, сепак, 14 милијарди долари беа инвестирани во системот за заштита од поплави во градот. Во неделата, со приближувањето на бурата, гувернерот на Луизијана, Џон Бел Едвардс, за медиумите изјави дека официјалните лица „се чувствуваат многу добро за она што е внатре во системот за намалување на ризикот од урагани“.

Системот функционираше. Растечките води од Ајда се држеа надвор од насипите, додека дождовницата се исфрлаше преку систем на пумпи и канали.

Но, помалку населените области надвор од тој систем за заштита не поминаа исто така. Владини службеници и волонтерски организации како Обединетата морнарица Кахун с’е уште се обидуваат да ги спасат жителите заробени од надојдената вода.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG