Линкови за пристапност

Стапија на сила новите мерки за влез и излез од државата


Од денеска за македонските и за странските државјани потребен е серитфикат за вакцинација со примени две дози, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или негативен брз тест не постар од 48 часа. Задолжитено тестирање на премините нема да има

СКОПЈЕ - Владините мерки за влез и излез од државата како за македонските така и за странските државјани од денеска стапија на сила. На граничните премини голема феквенција на возила и подолго време на чекање. Мерките предвидуваат задолжителен серитфикатза извршена вакцинација односно примени две дози, потврда за прележан ковид во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето, негативен ПЦР-тест не постар од 72 часа или негативен брз антигенски тест не постар од 48 часа како при влез така и при излез од Северна Македонија.

На вчерашната седница беше дополнета и одлуката за задолжителен домашен карантин во траење од седум дена, доколку лицата при влез во земјава немаат негативен ПЦР тест, потврда за вакцинација или потврда за прележан ковид-19. Времетраењето на карантинот, како што вчера соопшти Владата, може да се скрати на пет дена доколку во тој период биде приложен негативен ПЦР-тест. За странските државјани карантинот е на нивен трошок.

Околу потребата на носење на овие мерки, портпаролот на Владата Муамед Хоџа истака дека се по препорака на Комисијата за заразни болести и дека е неопходна.

„Оваа мерка е израз и наша определба да направиме се што е потребно нашата земја да се препознае како земја која води активни политики за имунизација и која не треба да се препознава како земја извозник на вирусот. Треба да се има предвиддека постапката за обезбедување доказ за вакцинација или за прележан Ковид-19 е вообичаена постапка за проверка на граничните премини при влез во огромен број европски и светски земји, која граѓаните секако треба да ја испочитуваат и оваа мерка во голем процент веќе и се спроведува“, изјави портпаролот Хоџа и додаде дека тестирање на граничните премини нема да има.

Исклучок од овие мерка се домашните возачи на товарни возила, како и странските возачи на камиони кои транзитираат низ земјата. Странските државјани кои ќе транзитираат низ државата имаат рок од пет часа да влезат и да излезат од Северна Македонија со претходно потпишана изјава на влезот во земјата која ќе треба да ја приложат пред граничната контрола на излез од земјава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG