Линкови за пристапност

Зеленски во Белата куќа на разговори за безбедноста, енергетиката


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Белата куќа на разговори со украинскиот претседател Џо Бајден. Ова патување беше подготвувано две години и одложено за еден ден поради консултации за Авганистан.

Претставници на американската администрација велат дека пораката зад посетата е „посветеноста на Соединетите Држави за суверенитетот, територијалниот интегритет и евроатланските аспирации на Украина“.

На агендата ќе бидат безбедносните прашања, енергетиката, климатските политики у антикорупциските напори во Украина“.

За време на администрацијата на поранешниот американски претседател Доналд Трамп Украина беше под притисок да започне истрага за активностите на синот на тогашниот претседателски кандидат Бајден. Инцидентите беа повод за првиот импичмент на Трамп од страна Претставничкиот дом.

Аналитичарите велат дека на средбата меѓу Бајден и Зеленски има и предизвици и можности.

XS
SM
MD
LG