Линкови за пристапност

Бајден: Што се однесува до ИСИС, ние се’ уште не завршивме со вас


Џо Бајден денеска се обрати од Белата куќа, откако Америка вчера ја заврши својата најдолга војна, велејќи дека нема да ја продолжи „засекогаш војната“ во Авганистан.

„Што се однесува до ИСИС, ние се’ уште не завршивме со вас“, им порача Бајден на терористичката група.

Бајден вели дека одбива да отвори уште една деценија војна во Авганистан, откако беа загубени над 2000 животи, а 13 се случија само оваа недела.

“Ние никогаш нема да заборавиме и нема да ви простиме. Ќе ве гониме до крајот на светот ако треба и ќе платите висока цена”, рече Бајден до секој што им се заканува на Соединетите држави, повторувајќи ја поента што ја истакна минатата недела.

Бајден планира да продолжи со борбата против тероризмот без американски војници на теренот.

Бајден вели дека „ја презема одговорноста за одлуката“ и не се согласува со оние кои велат дека требало да започне со евакуација порано.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG