Линкови за пристапност

Американците заминаа, Талибанците слават


Талибанците го прославија заминувањето од Авганистан на странските сили предводени од САД.

Операцијата ја нарекоа „лекција од уште едни напаѓачи“, но се заложија за добри односи со Соединетите Држави и глобалната заедница.

Зборувајќи од пистата на аеродромот во Кабул, главниот портпарол на Талибанците Забиулах Муџахид му честиташе на Авганистан и рече дека заминувањето на силите предводени од САД е победа „која им припаѓа на сите нас“. Но, тој исто така го имплицираше и начинот на кој Талибанците ќе владеат.

Опкружен со припадници на елитната единица Бадри тој ги предупреди да не ги третираат авганистанските граѓани сурово.

„Однесувајте се со населението во Авганистан на љубезен и добар начин, јавноста го заслужува ова“ рече тој и додаде дека тие се „слуги“ на народот и не треба да бидат во затегнати односи.

Талибанците ветија дека аеродромот ќе биде подготвен за операции и за комерцијални летови што е можно поскоро. Сепак, дел од инфраструктурата на аеродромот беше оштетена за време на првите денови од преземањето на власта во Кабул кога илјадници Авганистанци во паника поради доаѓањето на милитантната група успеаја да стигнат на пистата.

Последните американски трупи заминаа од Авганистан пред истекувањето на крајниот рок, 31 август, кој беше поставен од американскиот претседател Џо Бајден.

XS
SM
MD
LG