Линкови за пристапност

Ураганот Ајда (Ida) остави повеќе од еден милион жители без електрична енергија


Ајда (Ida) го погоди крајбрежјето на Луизијана во неделата попладне како бура од категорија 4, со ветрови од 240 километри на час, 16 години на самиот ден кога ураганот Катрина го опустоши Њу Орлеанс

Силен ветер и силен дожд донесе тропската бура Ајда (Ida) која ги зафати јужните делови на САД, оставајќи зад себе пустош, поплави и прекин на електричната енергија во Луизијана.

Во Луизијана беше пријавен еден смртен случај од паѓање на дрво, но гувернерот Џон Бел Едвардс рече дека очекува бројот на жртвите да се зголеми „значително“.

„Има ужасни остатоци, паднати далноводи, дрвја на патиштата и поплавени места, така што е потребно време да се влезе во овие заедници што беа најтешко погодени“, рече Едвардс за MSNBC.

Повеќе од еден милион жители во и околу Њу Орлеанс, најголемиот град во Луизијана, останаа без електрична енергија, а властите рекоа дека може да поминат денови, дури и недели, пред целосно да се врати струјата. Енергетската компанија “Ентерги” соопшти дека сите осум електрични далноводи што го напојуваат градот се надвор од функција, а една кула е целосно срушена во реката Мисисипи.

Ајда (Ida) го погоди крајбрежјето на Луизијана во неделата попладне како бура од категорија 4, со ветрови од 240 километри на час, 16 години на самиот ден кога ураганот Катрина го опустоши Њу Орлеанс, убивајќи повеќе од 1.800 луѓе. Денес, ветровите на Ида се намалија на околу 60 километри на час.

Ослабената бура, се’ уште со силен дожд, продолжува да се следи на север и исток во Мисисипи и делови од Алабама. Синоптичарите очекуваат да се сврти кон североисток преку Тенеси, Кентаки и Западна Вирџинија пред да се упатат кон главниот град Вашингтон до среда.

Претседателот Џо Бајден понуди помош од националната влада за регионот, оштетен од невремето.

Бајден рече дека потпишал итни изјави за Луизијана и Мисисипи и бил во контакт со гувернерите на тие две држави како и Алабама.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG