Линкови за пристапност

“Независни” кандидати во трката за градоначалник на Скопје


Кандидати за градоначалник на Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Шилегов: Тие се свесни дека пред Скопјани не можат да излезат со свој кандидат и пробуваат да ги изиграат со т.н независен кандидат

По Петре Шилегов и Данела Арсовска и Петар Георгиевски – Камиказа влегува во трката за градоначалничката позиција во Скопје. Поранешниот актер и музичар ќе се соочи со кандидатот на СДСМ и „независната“ кандидатка поддржана од ВМРО-ДПМНЕ, исто така како „независен“ зад кој застана „Левица“ – релативно мала партија која на ланските парламентарни избори успеа да обезбеди два пратенички мандати.

„Дека ќе победиме, тоа е сигурно, ама треба да го поминеме патот до победа“, рече кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски.

„Сметаме дека тоа е вин-вин ситуација зашто по сите анкети тој го победува Шилегов во урбаните средини и она што му фали се младите гласови кои Левица ги има“, изјави Димитар Апасиев од Левица.

ВМРО-ДПМНЕ, која вчера обелодени дека застанува зад кандидатурата на „независната“ Данела Арсовска за прв човек на Скопје, денеска обелодени уште 10 кандидати за градоначалници на општини. Зошто најголемата опозициска партија се реши да ја поддржи претседателката на Сојузот на стопански комори за градоначалник на Скопје.

„Сметаме дека на Скопје му треба добар менаџер и сметаме дека Данела Арсовска има одлично CV и гледаме еден озбилен кандидат кој може да ја освои довербата на Скопјани без разлика на нивната партиска определеност“, рече Антонио Милошевски од ВМРО-ДПМНЕ.

За владејачкиот СДСМ поддршката за Арсовска е, како што соопштуваат, потврда „дека на Мицкоски му е јасно дека го чека пораз во Скопје“. Ваквиот чекор на ВМРО-ДПМНЕ, според актуелниот градоначалник, е потценување на Скопјани.

„Се свесни дека пред Скопјани не можат да излезат со свој кандидат и пробуваат да изиграат со т.н независен кандидат. Не знам зошто кандидат се срами да признае дека е од ВМРО-ДПМНЕ, зошто ги потценуваат Скопјани... Во секој случај злоупотребата на независни кандидатури може да го уништи граѓанскиот активизам“, рече градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов.

Покрај овие тројца кандидати, во трката за градоначалник на Скопје успеа да влезе и Ана Петровска, поранешната директорка на Инспекторатот за животна средина која, како независна кандидатка, е поддржана од Иницијативата Зелен хуман град.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG