Линкови за пристапност

Со маски, мерење температура и протоколи учениците се враќаат во училишните клупи


Задолжително носење на маски на часовите, без мешање и физички контакт со ученици од други паралелки и редовно проветрување на просториите по секоја час. Ова се дел од протоколите на здравствените власти според кои ќе се организира наставата со физичко присуство на учениците која почнува во среда

СКОПЈЕ – Протоколот за постапување на основните училишта има 38 точки во кои е предвиден текот на наставата, приемот на ученици и како треба да постапуваат вработените.

Влез во училишната зграда ќе биде само со маски за учениците и вработените на кои ќе им се мери телесната температура, задолжителна дезинфекција на рацете и со распоред за секое одделение. Поздравување меѓу учениците и вработените е забрането. Учениците од една паралелка ќе престојуваат во една просторија, без можност за мешање со ученици од различни паралелки во иста училница. Просториите задолжително ќе се проветруваат пред и по завршувањето на наставата но и по секој одржан час а училниците ќе се чистат три пати на ден.

Во случај на кабинетска настава се воведува систем за еднонасочно движење на учениците и контролирано излегување и влегување во кабинетите.

Доколку ученик развие симптоми на Ковид-19 во училиште, протоколот предвидува тој да биде изолиран во посебна просторија и да се контактираат неговите родители кои треба да дојдат и да го земат. Доколку се потврди дека е заболен се известува епидемиолошката служба во Центарот за јавно здравје која е задолжена да направи анкета со наставниците и учениците и да изврши проценка на ризикот

Министерката за образование децидна дека учиштата се подговтвени за изведување на настава со физичко присуство.

„Пандемијата трае, но не смееме да си дозволиме училиштата да бидат затворени на првиот ден од учебната година. Препораката на УНИЦЕФ па и на сите други организации кои работат на заштита и унапредување на правата на децата е јасна, тие треба први да се отворат, а последни да се затворат. Затоа што нема подобра опција за учениците од настава со физичко присуство. Ова е особено важно за нашите деца, затоа што влегуваме во година на крупни промени во образовниот систем, како што знаете, стартуваме со реформи во прво и четврто одделение, кои поинаку не би го достигнале проектираниот ефект, ако наставата се одвива преку некоја друга форма и нема непосредна интеракција со наставник – ученици“, рече Царовска.

Сепак родителите сеуште имаат неодговорено прашања за тоа дали нивните деца ќе одат смени, дали ќе има целодневна настава и дневен престој и колку од нљаставниот кадар кој ќе работи со нив е вакциниран

Според официјалните податоци на минстерството за здравство околу 70 отсто од вработените во училиштата и градинките се вакцинирани меѓутоа без прецизни информации во кои училишта и градови.

Денеска и од СЗО и УНИЦЕФ повикаа училиштата да останат отворени и да се направат побезбедни. Се препорачува вакцинација на наставниците и другиот училишен персонал, како дел од националните планови за вакцинација. Се посочува да се земе предвид и вакцинација на децата на возраст од 12 и повеќе години со медицински состојби од висок ризик, често проветрување на училниците, помали паралелки, физичко дистанцирање и редовно тестирање на децата и вработените.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG