Линкови за пристапност

С.Македонија и Словенија го осудија вчерашниот терористички напад на аеродромот во Кабул


Северна Македонија и Словенија го осудија вчерашниот терористички напад
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:19 0:00

Вчера беше тажен ден за Авганистан, сите тие жртви беа непотребни и се резултат на терор. Лекцијата во Авганистан е поучна и верувам дека од тоа Алијансата ќе извлече навистина добра лекција

Северна Македонија и Словенија го осудија вчерашниот терористички напад на аеродромот во Кабул во кој загинаа стотици цивили и војници.

„Во делот на одбраната со Словенија имаме одлична соработка која сега со нашето членство во НАТО дојде и на едно повисоко ниво. Како двајца министри на земји-членки, состанокот го започнавме со нашата длабока загриженост и силна осуда на она што вчера се случи во Кабул, во Авганистан, во нападите во кои животите ги изгубија и војници и цивили. И сакаме ова неоправдано, неразбирливо, неприфатливо насилство силно да го осудиме и да кажеме дека и како членки на НАТО силно ќе се спротивставиме на ваквиот развој на настаните во Авганистан“ , изјави министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Вчера беше тажен ден за Авганистан, сите тие жртви беа непотребни и се резултат на терор. Лекцијата во Авганистан е поучна и верувам дека од тоа Алијансата ќе извлече навистина добра лекција. Словенија и Северна Македонија се силни партнери и затоа се радувам што нашата соработка ќе ја зацврстиме. С Македонија се одзва на нашиот повик и ја прифати нашата покана да биде дел од словенскиот контингент во Летонија“, рече министерот за одбрана на Словенија, Матеј Тонин.

„Ова е неоправдано, неразбирливо и неприфатливо насилство на кое, ние како членки на НАТО, ќе се спротивставиме“ – порачаа министрите за одбрана двете земји, Шекеринска и Тонин, кои денеска се сретнаа во Охрид.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG