Линкови за пристапност

Расте бројката за нови случаи кои веќе еднаш прележале Ковид


За седум дена детектирани 54 случаи на реинфицирани. Регистрирани се и случаи на новозаболени кои веќе еднаш го прележале вирусот биле и вакцинирани.Во болниците секоја десета хоспитализација е на пациент кој ги примил двете дози на вакцина

СКОПЈЕ – Прележаниот вирус и развиените антитела во некои случаи, исто како и целосното вакцинирање, не даваат целосна и стоотстона заштита од коронавирусот. Во последната анализа на здравствените власти се бележи нагло зголемување на бројката на новозаболени кои веќе еднаш го прележале вирусот.

Според официјалните податоци на министерството за здравство од 15 до 22 август 54 лица кои една биле позитивни на Ковид 19 и го прележале повторно се заразиле. Од почетокот на пандемијата – февруари минатата година, досега се детектирани вкупно 351 случај на повторно заразување со вирусот.

Покрај тоа регистрирани се случаи на новозаболени кои покрај тоа што веќе еднаш го прележале вирусот биле и вакцинирани.

„Има случаи на заболени кои веќе се вакцинирале а претходно прележале и се исклучително малку. За оваа болест медицината сеуште не дала одговори на се. Веројатно ќе помине подолго време да се види зошто е тоа карактеристика на имуниот одговор. Меѓутоа тоа што се знае е дека вакцината сигурно за дваесет пати го намалува ризикот од смртен исход“, изјави министер за здравство, Венко Филипче.

Еден спрема шест е односот на вакцинирани и невакцинирани кај новозаболените во последните дваесет дена покажуваат анализите на министерството за здравство, додека кај хоспитализираните и жртвите овој однос е повисок и е еден наспрема девет.

Во перидот од 6 август заклучно со вчера регистрирани се 17.020 новозаболени. Од нив 14.096 граѓани или 83 отсто не биле вакцинирани а 2.924 граѓани биле вакцинирани и заболеле две недели откако ја примиле втората доза вакцина.

Кога станува збор за хоспитализациите, во истиот период, 89 отсто од примените пацинети немале примено вакцина а 11 отсто биле целосно вакцинирани.

Во последните дваесет дена како последица на компликации предизвикани од коронавирусот починаа 276 лица. Најголем процент од нив се невакцинирани – 246 лица а 30 пациенти биле вакцинирани.

Последните официјални бројки на здравствените власти се дека вчера се вакцинирани 11.883 граќани од кои 7.625 ја примиле првата дозе. Една вакцина досега примиле 703 илјади граѓани а целосно ревакцинирани се 517 илјади граѓани. На вкациналните пунктови во државата аплицирани се вкупно 1,2 милион дози вакцини.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG