Линкови за пристапност

Филипче: Интересот за вакцинација се зголемува, бројките на новозаболени охрабрувачки


Мерките даваат резултати но рано е да се каже дека бранот завршува. Се поизвесно е дека ќе се воведе и трета доза која во моментов се дава на одредени категории на пациенти. Нови Ковид центри нема да се отвараат но затоа се отвори нов вакцинален пункт во спортскиот центар Борис Трајковски

СКОПЈЕ – Интересеот за вакцинација кај населението се зголемува, дневно се вакцинираат во просек по 11 илјади па затоа од денеска здравствените власти повторно во функција го ставија вакциналниот центар во „Борис Трајковски“ но овој пат во малата сала. На девет пункта за вакцинација граѓаните се вакцинираа со вакцините на „Фајзер“ и Синовак“.

„Утрово во осум часот беше отворен центарот во „Босир Трајковски“.Интересот сабајлево беше одлучен и очекувам така да остане и во наредните денови. Го повикувам сите граѓани да дојдат и да примат вакцина“, изјави доктор Бети Гелејчевска – Илковска.

Во вакциналниот центар граѓаните може да додјат без закажан термин но и за ревакцинација.

Според официјалните податоци на здравствените власти, само во текот на вчерашнито ден се вакцинираа 13.303 граѓани од кои 9.123 ја примија првата доза. Досега се вакцинирани 695 илјади граѓани а 512 илјади целосно со двете дози на вакцина.


Министерот Филипче, кој денеска беше во посета на новоотворениот вакцинален центар, соопшти дека мерките даваат резултати и дека младата популација масовно се вакцинира. 170 илјади граѓани на возраст од 18 до 40 години веќе ја имаат примено барем првата доза на вакцина.

Тој ги повика родителите чии деца ќе посетуваат физичка настава во училиштата или пак во градинките да се вакцинираат за да се заштитат себе си и семејството.

„Апелирам, сега пред почетокот на новата учебна година, да се вакцинираат родителите на учениците кои ќе одат во школо и во градинка, родителите на децата под 12 години, кои не смеат да се вакцинираат. Ова е единствениот начин да се смени сликата за пандемијата. Сите пандемии и епидемии гледано историски наназад завршиле исклучиво со вакцинација, не со прележување на болеста и сега кога го имаме овој механизам на располагање и веќе кога е докажано ефикасен, односно ефективен, а тоа сега се манифестира со релативно помалиот број на пациенти во градовите кадешто е поголем опфатот со вакцинација“, рече Филипче.

Засега нема да има бесплатни рапид тестови за децата кои ќе посетуваат физичка настава, но таа можноста здравствените власти не ја исклучуваат.

Министерот Филипче, моменталната ситуација на оцени како охрабрувачка, бидејќи бројките на нови случаи стагнираат но додаде дека е рано да се оцени дали овој бран забавува и ја губи силата.

Скринингот на здравствените власти покажа дека во моментов две третини од сите активни случаи се заболени од т.н. „Делта сој“.

Бројката на хоспитализирани е висока, а болниците во Тетово и Гостивар се преполни. Слична е состојбата и во Струга и Кичево па затоа пациенти се испраќаат во Скопје, во Ковид центарот во Козле. Филипче е дециден засега нема да се отвараат Ковид центри во склоп на клините ако што беше праксата во претходниот бран на епидемијата.

Министерот има спротивен став од Лекарската Комора која побара да се воведат национални протоколи за лечење на пациентите заболени од Ковид.

„Протоколот е донесен уште минатата година и е ревидиран во март. Тоа е во согласност со сите протоколи и препораки за лекување на овие пациенти и важи на тероторијата на целата држава и во сите болници. Во сите болници ја има терапијата скапиот лек „ремдесивир“, насекаде е дистрибуиран и во сите Ковид центри. Тоа значи делка протоколот е унифициран“, објасни Филипче.

Тој додаде дека најголем дел од пациентите кои починаа во последниот период имале коморбидитети односно хронични кардиоваскуларни и белодробни заболувања.

Трета доза е се поизвесно дека ќе се воведе а во моментов се анализират резултати за да се утврди на колкав временски период по втоарата вакцинација треба да биде аплицирана. Трета доза засега добиваат само пациенти со трансплантација и дијализа.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG