Линкови за пристапност

Еден од десетмина вакцинирани е на возраст до 30 години


Граѓаните до 50 години со далеку послаб одзив за вакцинација од возрасните категории на граѓани. Разликата е речиси дваесет отсто. Од вкупно над 670 илјади вакцинирани со барем една доза, 260 илјади се граѓани до 50 годишна возраст, покажуваат официјалните бројки на министерството за здравство

СКОПЈЕ – Ако граѓаните над 50 години се заинтересирани за имунизација и масовно се вакцинираат тоа не може да се каже за помладите генерации односно лицата на возраст од 20 до 39 години покажуваат официјалните бројки на министерството за здравство. Само еден од четворица во држвата кои примиле барем прва доза на вакцина се на возраст од 20 до 39 години а убедливо најмал интерес за вакцинација има кај популацијата од 20 до 29 години кои учествуваат со помалку од 10 отсто од вкупниот број на вакцинирани граѓани.

Анализите на здравствените власти покажуваат дека досега 39,9 отсто од населението до 50 години ја примило барем првата доза додека процентот кај населението над 50 години е далеку повисок и изнесува 59,1 отсто.

Низ бројки тоа значи дека вкупната бројка на граѓани до 50 години кои ја примиле првата дозе е 263.716 што е далеку помалку од половина од вкупната бројка која во моментов е над 670 илјади граѓани.

Гледано по старосни групи најслаб одзив за вакцинација е кај старосната група од 20 до 29 години каде што прва доза примиле само 59.369 лица.

Кај старосната група на граѓани кои се на возраст од 30 до 39 години вакцинирани со една доза вакцина се 90.113 лица додека кај возрасната група на граѓани од 40 до 49 години оваа бројка е 127.333 лица.

Во официјалните бројки на министерството за здравство не се внесени македонските граѓани кои се вакцинираа во Србија и Бугарија а од она што можеше да се види на терен таму се вакцинираа претежно граѓани до 50 години и тоа донекаде може да го смени односот на вакцинирани и процентите на вакцинирана популација.

Гледано по градови, највисок процент на вакцинирани жители има Гевгелија каде 54,2 отсто примиле прва доза од вакцината. Потоа следува Кавадарци со 54,1 отсто и Неготино каде прво доза примиле 52,6 отсто од жителите. Во Скопје процентот на вакцинирано население е 37,1 отсто.

Најслаб одзив и интерес за вакцинација има во Гостивар – 21,8 отсто. Во Дебар одзивот е 24,3 отсто а потоа следуваат Струмица со 20 отсто, Тетово со 26,6 отсто и Куманово каде се вакцинирани само 26,7 отсто од граѓаните.

Првата доза на вакцина во текот на вчерашнито ден ја примиле 13.108 граѓани а уште 1.604 граѓани ја примиле втората доза. Аплицирани се 14.712 вакцини а вкупната бројка на аплицирани вакцини е 1.177.911.

„Со последните бројки 70% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 68% од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 64% од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 55% од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина“, информираат од здравство.

Според официјалните податоци на здравствените власти, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 674.510 граѓани а 503 илјади се целосоно вакцинирани со две дози.

Додека здравствениот систем се подготвува за амортизирање на ударот од четвртиот бран, Владата вчера лансираше кампања за да ја потткине масовната вакцинација на население а фокус се токму помладите граѓани и борбата против лажните вести и дезинформации околу вакцините и процесот на вакцинација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG