Линкови за пристапност

Стабилен кредитниот рејтинг на С.Македонија според „Стандард и Пурс“


Стабилен кредитниот рејтинг
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Народната банка: „Денарот е стабилен, монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување

„Стандард и Пурс“ го потврди кредитниот рејтинг на Северна Македонија, ББ - со стабилен изглед. Стабилниот изглед, според министерството за финансии, „ги рефлектира очекувањата дека проектираното економско заздравување ќе помогне во лимитирање на фискалниот и надворешниот дефицит наредната година“. Според наодите на „Стандард и Пурс“ земјата економски заздравува.

„Економијата на РС Македонија се опоравува од последиците од пандемијата. И, покрај контракцијата во првото тримесечје, очекуваме дека економијата ќе оствари раст од 3,7 проценти. Растот е придвижен од закрепнувањето на странската побарувачка, којашто ги рефлектира спецификите на интеграцијата на РС Македонија во меѓународните синџири на добавувачи, како и на приватната потрошувачка, како резултат на придобивките од заздравувањето на приватните трансфери и од владините мерки за поддршка на стопанството кои го ублажија расположливиот доход“ – се вели во извештајот.

Сепак, се предупредува дека има можност од ризик за закрепнувањето на економијата ако има влошување на ситуацијата со пандемијата на ковид-19. Очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека државниот долг до 2024-та година ќе изнесува 58 проценти од БДП.

Се јави и Народната банка според која во извештајот е наведено дека „денарот е стабилен, монетарната политика оди во прилог на економското закрепнување, девизните резерви се зголемени, банкарскиот систем е стабилен, висококапитализиран и профитабилен, а финансиските услови остануваат поволни.“

Во извештајот се наведува дека девизните резерви се повисоки во однос на истиот период лани. Очекувањата на „Стандард и Пурс“ се дека ќе нема флуктуации на девизниот пазар - денарот останува стабилен.

Според опозицијата наодите на „Стандард и Пурс“ покажуваат дека македонската економија е во многу тешка ситуација. ВМРО-ДПМНЕ прашува како земјата во таква економска состојба се нафаќа да прима бегалци од Авганистан.

„Факт е дека во Авганистан се случува голема хуманитарна трагедија, и дека на многу луѓе им треба помош. Но, она што ние го спориме се условите во Македонија, затоа што кога ќе дојдат бегалците во Македонија и кога ќе ги видат нечистите и несредени улици, дупките на улици, пропаднатата економија, кога ќе видат со што се соочува Македонија, веројатно ќе сакаат да се вратат назад во Авганистан, затоа што во моментов е полошо во Македонија отколку во Авганистан“, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николовски.

Проценките на опозицијата се дека актуелната власт со, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, политиките на енормно задолжување, државата ја води во банкрот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG