Линкови за пристапност

Лидерите на Г-7 ќе разговараат за рокот за повлекување од Авганистан


Лидерите од групата Г-7 треба да се состанат денес за да разговараат за ситуацијата во Авганистан, при што неколкумина се залагаат американскиот претседател Џо Бајден да ги задржи американските војници во земјата и по рокот од 31-ви август, со цел да се олесни тековниот напор за евакуација.

„Ќе ги замолам нашите пријатели и сојузници да застанат покрај авганистанскиот народ и да ја зголемат поддршката за бегалците и хуманитарната помош“, рече британскиот премиер Борис Џонсон пред виртуелниот состанок.

Критиките од американските законодавци, поранешни воени претставници, па дури и некои сојузници на САД станаа погласни откако талибанските сили влегоа во авганистанската престолнина на 15-ти август.

„Ситуацијата во Авганистан се влошува од ден на ден“, рече во понеделникот републиканскиот сенатор Мајк Раундс. „Администрацијата на Бајден мора да ја направи безбедноста за евакуација на Американците кои се’ уште се заглавени во Авганистан, како главен приоритет“.

Но, по бавниот почеток на евакуацијата, напорите да се извлечат луѓето од земјата се зголемија.

Друга загриженост е, за оние Американци во Авганистан кои не можат да стигнат до аеродромот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG