Линкови за пристапност

САД двојно го зголемија бројот на евакуирани луѓе од Авганистан


Во интервју за Скај њуз, портпаролот на Талибанците Сухаил Шахин го нарече секое продолжување на рокот „црвена линија“

САД речиси двојно го зголемија бројот на евакуирани луѓе од Авганистан во изминатите 24 часа, додека трае повлекувањето од земјата до крајниот рок кој го даде претседателот Џо Бајден на 31-ви август.

Официјални претставници на американската одбрана во понеделникот рекоа дека вкупно 16 илјади луѓе биле префрлени од меѓународниот аеродром Хамид Карзаи во Кабул, користејќи комбинација од речиси 90 воени и комерцијални летови. Тие рекоа дека мнозинството, околу 11 илјади луѓе, биле преземени со американски воени авиони.

„Ништо не земаме здраво за готово“, им рече портпаролот на Пентагон, Џон Кирби, за новинарите во понеделникот, истакнувајќи дека целта на војската е евакуација на пет до девет илјади луѓе дневно.

Претходно во понеделникот, Белата куќа соопшти дека вкупно околу 37 илјади луѓе биле протерани откако талибанските милитанти ја презедоа контролата врз Авганистан, по колапсот на владата.

Но, колку Американци остануваат заглавени во Авганистан е нејасно.

Тензијата на аеродромот во Кабул се зголемува додека десетици илјади Авганистанци се обидуваат да излезат од земјата сега кога е под контрола на Талибанците.

Многумина изјавија дека било тешко и невозможно да се поминат талибанските контролни пунктови. Исто така, имаше извештаи дека снабдувањето со храна и вода на аеродромот е при крај, и дека постои загриженост за условите да станат толку нехигиенски што некои Авганистанци го напуштиле аеродромот.

Беше тестирана и безбедноста околу периметарот на аеродромот, неодамна кога неидентификуван напаѓач отвори оган врз авганистанските сили што ги чуваа портите, при што загина авганистански војник.

Американските официјални претставници, вклучително и претседателот Бајден, рекоа дека и покрај зголеменото темпо на напорите за евакуација, можеби е неопходно да се продолжи операцијата и по крајниот рок од 31-ви август.

„Нашата надеж е дека нема да мораме да го продолжуваме тој рок“, рече Бајден во неделата.

Но, во интервју за Скај њуз, портпаролот на Талибанците Сухаил Шахин го нарече секое продолжување на рокот „црвена линија“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG