Линкови за пристапност

Потпретседателката Камала Харис во посета на Сингапур и Виетнам


Вашингтон се обидува да ја зајакне меѓународната поддршка за да се спротивстави на растечкото глобално влијание на Кина

Американската потпретседателка Камала Харис зборуваше за, како што рече, „заедничка визија за слободен и отворен индо-пацифички регион“ за време на посетата на Сингапур на почетокот од краткото патување во Југоисточна Азија.

Говорејќи пред новинарите заедно со премиерот на Сингапур, Ли Хсиен Лунг, Харис ја истакна посветеноста на САД кон регионот и соработката со сојузниците за „почитување на меѓународниот поредок заснован на правила и слобода на навигација, вклучително и во Јужното Кинеско Море“.

„Причината поради која сум тука е затоа што САД се глобален лидер и ние сериозно ја сфаќаме таа улога“, рече Харис.

Разговорите во понеделникот вклучуваа широк фокус на климатската криза, рече Харис, заедно со потребата за соработка за ставање крај на пандемијата на коронавирусот и за спречување на идните настани.

„Пандемијата ја истакна важноста да работиме заедно како партнери за прашањето на глобалното здравје“, рече таа.

Харис утре треба да се состане со бизнис лидерите во Сингапур, како дел од заедничките напори за зајакнување на синџирите на снабдување. САД и Сингапур, исто така, се согласија да соработуваат во обид да се идентификуваат нови варијанти на коронавирус и да се зголеми подготвеноста во Југоисточна Азија.

Претходно во понеделникот, Харис се сретна и со претседателот Халима Јакоб.

Харис, исто така, денес ќе ја посети и поморската база Чанги, каде што ќе разговара со американските морнари на бродот „УСС Тулса“.

Доцна утре, Харис треба да пристигне во Виетнам, и со тоа ќе стане првата потпретседателка на САД што го посетила Ханој, додека Вашингтон се обидува да ја зајакне меѓународната поддршка за да се спротивстави на растечкото глобално влијание на Кина.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG