Линкови за пристапност

Тропската бура Хенри донесе обилни врнежи од дожд


Најголемиот дел од дождот во текот на ноќта беше лоциран во Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија

Делови од североисточниот дел на САД беа зафатени од пообилни дождови и поплави во понеделникот, откако бурата Хенри стигна до копното.

Најголемиот дел од дождот во текот на ноќта беше лоциран во Њујорк, Њу Џерси и Пенсилванија.

Националниот центар за урагани очекува центарот на бурата, сега намален во тропска категорија, да се оддалечи од копното во текот на денот, пред конечно да излезе над Атлантскиот Океан до вторник наутро.

Синоптичарите велат дека вкупните количини на врнежи во поголем дел од регионот изнесуваат помеѓу 7 и 15 сантиметри.

Без струја останаа повеќе од 130 илјади домаќинства во државите Конектикат, Масачусетс и Њујорк.

Претседателот Џо Бајден вчера рече дека веќе ги одобрил декларациите за итни случаи за Род Ајленд, Конектикат и Њујорк и дека Федералната агенција за управување со вонредни состојби располага со ресурси како што се генератори, храна и вода поставени во регионот за да им помогне на оние што имаат потреба.

„Не го знаеме целиот обем на влијанието на бурата денес, но дејствуваме за да се подготвиме и спречиме штета што е можно повеќе и да ја забрзаме помошта за погодените заедници за да можат да закрепнат што е можно побрзо“, рече Бајден.

Некои информации за овој извештај доаѓаат од Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG