Линкови за пристапност

Завршува 61-то издание на Охридско лето


Завршува Охридско лето
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:34 0:00

Годинава на Охридско лето настапија повеќе од 500 уметници од 18 држави во светот

На најпрестижната сцена Античкиот театар, ќе биде означен крајот со театарската претстава „На отворено море“ во изведба на Југословенско народно позориште од Белград. Фестивалот втора година по ред се одржа во време на пандемија со ковид мерки и со ограничен капацитет за фестивалската публика. Заради заштита на јавното здравје, бројот на посетители беше ограничен на 50 отсто на отворените сцени и на 30 отсто во затворен простор. Сепак, немаше ниту едно откажување и сите уметници од разни делови на светот допатуваа во Охрид.

„Четириесет денови со голема возбуда, врвни уметници, пред се од нашата земја, а и од надвор, настапија на сцените каде Охридско лето го одржува фестивалот. Можеби звучи малку нескромно, но ако би го оценувала од еден до десет, би дала единаесет. И тоа го потврди и публиката, која беше во голем број со почитување на сите мерки, кои ни беа пропишани. Исто така и од стручните лица и музиколози, кои пишуваа рецензии. Навистина втора година во време на корона криза, тимот на Охридско лето реализира врвна програма“, изјави за Гласот на Америка, Наташа Поповиќ директорка на Охридско лето.

И, покрај строгите мерки, голем број посетители ги посетиле фестивалските програми.

„Повеќе од 8.000 посетители на сите сцени, ги проследија со големо задоволство настаните како музичките така и театарските. Многу сме среќни што собраните средства од продажбата на билетите од концертот на Танец „Под звездите“, во соработка со Ладо од Хрватска, Охридско лето ќе ги донира на Министерството за здравство, поточно на болницата во Охрид“, рече Поповиќ.

Веднаш стартуваат подготовките за следното 62-то издание на фестивалот.

„Наредното издание веќе се подготвува. Програмата е завршена и затворена, бидејќи на 30-ти јуни, Охридско лето, доставува предлог програма до Министерството за култура, а подготовките веднаш во септември почнуваат за истата“, кажа Поповиќ.

Годинава на Охридско лето настапија повеќе од 500 уметници од 18 држави во светот. Покрај странските изведувачи, настапија и многу македонски уметници кои не живеат во земјава, но творат и настапуваат на меѓународна сцена. Фестивалот својата програма ја реализира на трите сцени во Антички театар, Долни Сарај и црквата Света Софија, каде акустиката е несекојдневна и сите уметници кои настапуваат си заминуваат со пофални зборови.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG