Линкови за пристапност

Филипче: Инфективните одделенија се со исполнет капацитет


Нови ковид мерки
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:54 0:00

И, покрај барањата на угостителите да се укине одлуката, новите рестрикции стапија на сила со најава за дополнување и со контроли на границата

Вака од денеска изгледа пиењето кафе или седнувањето во ресторан – прво сертификат за вакцинација или потврда за прележан ковид-19 во изминатите 45 дена, па дозвола за влез во кафуле иле кафеана.

И, покрај барањата на угостителите да се укине одлуката, новите рестрикции стапија на сила со најава за дополнување и со контроли на границата – за влез или излез од земјава ќе треба да се приложи потврда за вакцинација или документ за прележан ковид или пак направен ПЦР тест. Мерките се преземаат како одговор на влошувањето на епидемиолошката слика – дел од болниците во земјата веќе се полни.

„Најголем притисок има во болниците во Тетово и во Гостивар, во Струга исто така се засилува. Во Тетово се хоспитализирани 90 пациенти, во Гостивар 70 пациенти, нивните интерни инфективни одделенија се со исполнет капацитет и имаат простор за уште неколку дополнително делови од одделенијата. Болницата во Лешок е полна со пациенти на кои им е потребен прием и согласно тоа утрово направивме координација во однос на тоа каде да се праќаат пациентите. Викендов имаше голем притисок како од тие градови, така и тука од Скопје во однос на Клиниката за инфективни болести и Институтот за туберкулоза, и тие капацитети се целосно исполнети“, изјави министерот за здравство, Венко Филипче.

Затоа, од денеска почнуваат со работа модуларната болница до инфективната клиниката, инфективното одделение во „8 Септември“ во Скопје како и 2 тријажни центри во рамките на Здравствен дом – Скопје. Зголемениот притисок врз здравствените капацитети ги повтори апелите на надлежните до граѓаните да се вакцинираат. Министерот Филипче вели дека е задоволен од темпото на вакцинација и се надева дека трендовите ќе продолжат, наспроти вчерашните протести против имунизацијата.

Протестите на кои се слушнаа и навреди кон медицинскиот персонал, но и кон новинарите наидоа на осуда во јавноста.

„СДСМ најостро ги осудува вчерашните протести, пораките, говорот на омраза, навредите кон докторите, медицинскиот персонал, но и новинарите и адвокатите. Докторите и медицинскиот персонал кои неуморно се во првите линии во одбрана од корона вирусот се нашите херои кои заслужуваат длабока почит и благодарност“, изјави Ненад Коциќ од СДСМ.

Тоа беше протест со закани и навреди кон здравствените работници, оние кои деноноќно се бореа со вирусот...“, рече министерот за здравство, Венко Филипче.

На главниот владин координативен кризен штаб кој денеска заседаваше било разгледувано и прашањето за новата учебна година и било оценето дека „се создадени услови почетокот на школската година да биде со физичко присуство на учениците, освен за одделни исклучоци“.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG