Линкови за пристапност

Дејан Георгиевски: Уште сега се подготвувам за олимписко злато во Париз


Дејан Георгиевски: Уште сега се подготвувам за олимписко злато во Париз
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:40 0:00

Бев сигурен во себе. Знаев дека можам. Имавме одлична стратегија која ја направи тренерот и успеавме да донесеме медал

Дејан кој тренира теквондо од девет годишна возраст, вели за успех потребно е многу работа и посветеност но, и голема дисциплина.

Десеттина дена по освојувањето на сребрениот медал, единствен за Северна Македонија на летните Олимписки игри во Токио, теквондистот Дејан Георгиевски вели дека дури сега станува свесен што направил за својата држава.

„Импресиите веќе легнаа, емоциите почнаа да доаѓаат како што треба. Ова што го направив е историски успех“, вели тој.

На Олимпијада заминал со верба дека ќе се врати со медал. Со исполнета А олимписка норма, вели шансите да освоите едно од одличјата се многу поголеми.

„Бев сигурен во себе. Знаев дека можам. Имавме одлична стратегија која ја направи тренерот и успеавме да донесеме медал. За жал тоа не е златен, но тоа ќе ни остане како уште поголема мотивација за следните Олимписки игри, да донесеме златен медал“, додаде тој.

За успех порачува, потребно е многу работа и посветеност но и голема дисциплина.

„Како до тука? Тоа е многу голем и тежок процес, кој трае веќе неколку години. Ние за ова се подготвуваме четири-пет години. Собираме поени, одиме на големи натпревари. Успеавме да постигнеме и високи резултати од големи натпреварувања. Треба да знаете која е вашата цел, да верувате во тоа дека можете да успеете. Ете јас верував и успеав да ја остварам мојата цел“, вели Георгиевски.

Помошта од државата е неопходна и ја гледа во создавањето на што е можно повеќе млади таленти, кои можат да обезбедат олимписка норма. А, како до тоа?

„Секако треба да се фокусираат повеќе на олимписките спортови, да се консултираат со луѓето од федерациите. Тие најдобро знаат од федерациите кои луѓе имаат најмногу таленти, да се фокусираат на нив, да ги средат во текот на годините и да им пружат се што им е потребно за работа. Се надеваме дека на следните Олимписки игри ќе има многу повеќе учесници од другите спортови“, рече тој.

Се надева дека ќе биде пример за помладите од него, чиј што сон е еден ден да учествуваат на Олимписки игри.

„Сум сигурен дека во иднина младите ќе има во кого да гледаат и ќе бидат свесни дека и тие може да донесат медал од Олимписки игри и нивните очекувања да бидат уште поголеми. За другите спортови не знам, но за следните Олимписки игри во теквондо сигурен сум дека ќе има повеќе претставници со А норма“, додава Георгиевски.

Што понатаму? Го очекуваат светското првенство во Кина и президент купот.

„Президнет купот ќе биде оваа година. Тоа е турнир Г2, каде се собираат поени за Олимписките игри во Париз. Ние веќе почнавме со тренинзи, работиме, собираме поени. Тоа е еден од натпреварите, каде се собираат поени за ЛОИ. Сега целта ми е на наредните Олимписки игри да донесам златен медал“, изјави Георгиевски.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG