Линкови за пристапност

Продолжуваат неизвесностите за носителите на „Привремен заштитен статус“ во САД


И, покрај „пријателското држење“ на сегашната администрација кон овие лица, прашањата остануваат отворени за долгорочната функционалност на програмат

Повеќе од половина година во администрацијата на Бајден, иднината на американската хуманитарна програма стара неколку децении - и судбината на стотици илјади имигранти кои се потпираат на неа - останува нејасна, предизвикувајќи конфузија и вознемиреност кај корисниците.

На државјани на одредени земји опустошени од вооружени конфликти или природни катастрофи, Привремениот заштитен статус (ТПС) им овозможува на примачите да живеат и работат во САД ограничен временски период.

Администрацијата на поранешниот претседател Доналд Трамп се обиде да стави крај на привремената заштита за државјаните на неколку земји, предизвикувајќи судски постапки и создавајќи сомнежи за иднината на програмата, која Конгресот ја воведе во 1990-та година.

Администрацијата на Бајден користеше извршна власт за да го продолжи ТПС и да ја отстрани непосредната закана за депортација. Но, и покрај „пријателското држење“ на сегашната администрација кон ТПС, прашањата остануваат отворени за долгорочната функционалност на програмата, бидејќи продолжува медијацијата што произлегува од тужбата поднесена од Американската унија за граѓански слободи, според Џулија Гелат, виш аналитичар за политика во Институтот за миграциската политика.

„Не знаеме за што точно се преговара, како би изгледала спогодбата“, рече Гелат за Гласот на Америка. „Дали ќе го врати ТПС за сите овие земји или за некои од овие земји?

Додека администрацијата на Трамп ја нагласи „привремената“ компонента на ТПС, застапниците за имигранти ја притискаат администрацијата на Бајден да ги заштити корисниците што е можно подолго и да ја прошират програмата.

„Постои активна кампања за убедување на администрацијата на Бајден-Харис да додели сосема нова ознака за луѓето од Гватемала, Хондурас, Ел Салвадор и Никарагва кои веќе живеат во САД“, рече Оскар Чакон, извршен директор на групата за застапување за Гласот на Америка. „Таквата одлука ќе ги заштити таквите лица, но исто така ќе ја прошири заштитата и на дополнителни лица“.

Чакон додаде дека иако статусот на имиграција на повеќето приматели на ТПС засега е безбеден, нарушувањата влијаат врз способноста на некои да ги обноват работните дозволи и да обезбедат други документи.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG