Линкови за пристапност

Од 16ти август задолжителна потврда за имунизација за присуство на било каков настан


Се забранува организирање на прослави и свадби во затворен дел од објект. Потврдата за примена најмалку прва доза вакцина важи само за полнолетните граѓани.

СКОПЈЕ - За да се спречи повторното ширење на епидемијата на коронавирус во државата од 16ти август стапуваат на сила нови рестриктивни мерки кои ги усвои Владата на седницата што предмалку заврши.

Новите мерки предвидуваат потврда за имунизација за влез во затворен дел на секаков тип на објект каде што има повеќе од 30 лица,забрана за прослави во затворениот дел на угостителските објекти, а терасите на кафулињата, рестораните и кафеаните продолжуваат да работат со 50 отато од капацитетот.

Ова се одлуките на Владата усвоени вечерва:

-До 15 август, сите угостителски објекти регистрирани за прослави смеат да работат на затворено, само со почитување на КОВИД-19 мерките, со исполнетост до 40% од капацитетот и најмногу 250 гости, согласно постојните протоколи кои се во сила.

- За ноќните клубови (дискотеки), кабареа, барови останува забраната за работа во затворениот дел од објектот, освен во отворениот дел (тераси) со 50% од капацитетот на просторот и ограничен број посетители до најмногу 1.000 посетители, согласно постојните протоколи.

- Од 16 август 2021 година целосно се забранува работа и организација на секаков вид настани на затворено во сите угостителски објекти (и во кафетерии), вклучително и прослави во угостителски објекти регистрирани за прослави или друг тип објекти од затворен тип.

- Од 16 август 2021 година се воведува задолжителна потврда за извршена имунизација, најмалку прва доза, со задолжителна редарска служба заради контрола на приложување доказ за вакцинација при влез во секаков вид објект, вклучително и во угостителски објекти, каде има повеќе од 30 присутни лица, за било каков настан (прослава, концерт, семинар, обука, работилница, конференција, културни или спортски настани).

- Приложувањето и поседувањето на потврда за извршена имунизација - најмалку прва доза вакцина, се однесува на лица над 18 годишна возраст.

- Се задолжуваат надлежните инспекциски служби во претстојниот период да ги интензивираат контролите со цел стриктна примена и почитување на превентивните препораки, времените мерки и наредените мерки по однос на КОВИД-19.

Денеска беа регистрирани 378 новозаболени и една жртва. Вирусот неконтролирано се шири во Скопје и Тетово кои се најголеми жаришта во моментов.

Според официјалните податоци на здравствените власти во моментов активни се 1.618 случаи.

Најголем број се во Тетово - 486, Скопје - 474 и Гостивар 176.

Од почетокотна епидемијата битката со вирусот ја загубија 5.503 граѓани.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG