Линкови за пристапност

Циманоскаја: Ми се јави баба ми и ми кажа да не се враќам назад


Се јавила нејзината баба и ја предупредила да не се враќа дома, велејќи дека телевизиските извештаи велат дека спринтерката имала ментални проблеми, и дека може да биде сместена во болница или да биде затворена

Белоруската олимписка спринтерка денес им изјави на новинарите дека била советувана од членовите на семејството да не се враќа дома, бидејќи била критикувана од белоруските медиуми, кои објавиле дека е ментално болна.

Кристина Циманоскаја (24) пристигна во Варшава, Полска, доцна во средата. Полските власти и дадоа хуманитарна виза за да побара политички азил претходно оваа недела, откако таа тврдеше дека службениците на нејзиниот тим се обидувале да ја принудат да се врати дома во Белорусија против нејзина волја.

Таа рече дека додека ги собирала работите, се јавила нејзината баба и ја предупредила да не се враќа дома, велејќи дека телевизиските извештаи велат дека спринтерката имала ментални проблеми, и дека може да биде сместена во болница или да биде затворена.

Циманускаја им изјави на новинарите дека не одлучила за барањето на политички азил. Таа рече дека нејзиниот сопруг ќе и се придружи во Полска подоцна денес и дека тие ќе донесат заедничка одлука. Таа рече дека сака да ја продолжи спортската кариера и да ја поддржи слободата во својата земја.

Белорусија беше погодена од политички пресврти и удар врз неистомислениците по спорните избори што го вратија Лукашенко на власт минатата година.

Циманоскаја беше една од повеќе од две илјади белоруски спортски фигури кои потпишаа отворено писмо во кое бараат нови избори и ослободување на политичките затвореници.

Некои информации за овој извештај беа обезбедени од Асошиетед прес, Ројтерс и Агенцијата Франс прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG