Линкови за пристапност

Вакцината од Модерна е 93 отсто ефикасна и по 6 месеци


Фајзер, која прави вакцина со својот германски партнер Бионтек, неодамна објави дека нејзината вакцина е ефикасна неколку месеци по втората доза

Од Модерна велат дека нивната вакцина продолжува да биде 93 отсто ефикасна шест месеци по втората доза.

„Задоволни сме што нашата вакцина против ковид-19 покажува трајна ефикасност од 93 отсто во текот на шест месеци, но признаваме дека варијантата делта е нова закана, и затоа мора да останеме будни“, изјави Стефан Бансел, главен извршен директор на Модерна.

Од компанијата велат дека најверојатно ќе биде неопходен засилувач или трета доза пред зимата, но службениците за јавно здравје не препорачуваат вакви мерки засега.

Светската здравствена организација ги повика богатите земји да не администрираат засилувачи за да се осигураат дека првите дози се достапни во посиромашните земји.

Модерна заработи 2,78 милијарди долари во вториот квартал, наспроти загубата од 117 илјади долари минатата година. Вакцината е единствениот комерцијално одобрен производ на компанијата и е одобрен за итна употреба во над 50 земји.

Фајзер, која прави вакцина со својот германски партнер Бионтек, неодамна објави дека нејзината вакцина е ефикасна неколку месеци по втората доза. Исто така, рече дека вакцината е одговорна за речиси половина од приходите на компанијата.

Некои информации во овој извештај доаѓаат од Асошиетед прес и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG