Линкови за пристапност

Побарувањата за бенефиции за невработеност во САД се намалуваат


Владата соопшти дека 385 илјади невработени лица поднеле барање за надомест, што е за 14 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела

Бројот на побарувања за надоместоци за невработеност се намали во САД минатата недела, но остана во истиот релативно тесен опсег што го имаше веќе два месеци, објави денес Одделот за труд.

Владата соопшти дека 385 илјади невработени лица поднеле барање за надомест, што е за 14 илјади помалку од ревидираната бројка од претходната недела.

Неделниот број на нови побарувања се движеше од 368 илјади до 424 илјади од крајот на мај, сепак значително повисока од бројката од 218 илјади во 2019-та година, пред пандемијата да ги зафати САД минатата година и сериозно да ја наруши најголемата светска економија .

САД додадоа 850 илјади нови работни места во јуни, со стапка на невработеност од 5,9%.

Околу 9,5 милиони луѓе се невработени во САД и бараат работа. Но, исто така, има и 9,2 милиони отворени работни места, иако збирот за вештините на невработените не мора да одговараат за потребите на работодавачите.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG