Линкови за пристапност

Бајден: Половина од автомобилите во САД до 2030-та година треба да бидат електрични


Американскиот претседател Џо Бајден денес треба да потпише извршна наредба со која се бараат нови стандарди за емисија на гасови во автомобилската индустрија

Американскиот претседател Џо Бајден денес треба да потпише извршна наредба со која се бараат нови стандарди за емисија на гасови во автомобилите и ќе постави цел половина од новите возила што се продаваат во САД да бидат електрични до 2030-та година.

Белата куќа во соопштението објави дека целта ќе вклучува електрични возила, хибридни електрични погони и електрични возила со горивни ќелии.

Водечките автомобилски производители преземаа доброволни обврски во согласност со целите на администрацијата.

Форд, Џенерал Моторс и Стелантис во заедничка изјава велат дека се стремат електричните возила да сочинуваат 40 до 50 отсто од новата продажба до 2030-та година.

Извршниот директор на Тојота во Северна Америка рече дека неговата компанија „ваквата обврска ќе биде исполнета“.

Производителите на автомобили велат дека за таква промена ќе биде потребно повеќе отколку само да произведуваат различни типови автомобили. Тие рекоа дека владата ќе мора да поддржи стимулации за купувачите на автомобили да изберат електрични возила, пари за проширување на синџирите за снабдување со електрични возила и доволно средства за изградба на доволно станици за полнење низ целата земја.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG