Линкови за пристапност

Предвидувањата се дека и оваа година, сезоната на урагани ќе биде над просекот


Националната управа за океани и атмосфера очекува оваа сезона три до пет големи урагани - урагани чии ветрови можат да достигнат брзина од 179 километри на час

Националните синоптичари очекуваат натпросечна сезона на урагани над Атлантикот, според денешниот брифинг од Националната управа за океани и атмосфера (НОАА).

Предвидувањата се дека ќе се формираат 15 до 21 именувани бури со брзина од 63 километри на час или поголеми, од кои седум до 10 може да станат урагани со брзина на ветерот од 119 километри на час или поголеми. И двете предвидувања бележат мало зголемување од мајската прогноза објавена од НОАА.

НОАА, исто така, очекува оваа сезона три до пет големи урагани - урагани чии ветрови можат да достигнат брзина од 179 километри на час.

Просечната сезона на урагани има 12 именувани бури, шест урагани и три големи урагани. Ако предвидувањата на НОАА се покажат како точни, 2021-ва година ќе биде шеста година по ред со натпросечна активност на бури.

Сезоната на урагани во 2020-та година беше најфреквентна досега, со 30 бури, вклучувајќи 14 урагани и седум големи урагани. Рекордни 12 бури, од кои шест урагани, го погодија крајбрежјето на САД минатата година.

Податоците земени 50 години наназад, покажуваат дека активностите на бури во почетокот на сезоната не се показател за целокупната сезона, бидејќи повеќето атлантски бури се формираат во текот на месеците август, септември и октомври.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG