Линкови за пристапност

Хеликоптери го гасат пожарот кај Пехчево, се бара прогласување на Кризна состојба


Пожарите во Македонија не стивнуваат, најсериозна е состојбата во Македонски Брод,Пехчево и Делчево.Нема потврда за првата жртва, жена од кумановско Старо Нагоричане. Владата распарава за прогласување кризна состојба.10 илјади денари награда за пожарникарите

Скопје, 5 август 2021 – Долгоочекуваната помош од воздух утрово конечно пристигна кај Пехчево. Два хеликоптери на АРМ и три од Србија дејствуваат врз пламените јазици и се обидуваат да го стават поф контрола огромнипт шумски пожар кој зафати над 250 хектари борова шума. На терен се стотици поѓарникари, припадници на АРМ, ДЗС и ЦУК, како и стотици граѓани доброволци кои целна ноќ биеа битка со пламенот кој достигнуваше висина и до дваесетина метри.

Од МВР сеуште нема потврда за смртта на шеесетгодишната Стојанка Димковска. Екипи на крим техника немаат извршено увид бидејќи сеуште има оган или пак делови од теренот тлеат. Нејзиниот сопруг осумедестгодишниот Борис Димковски, тврди дека таа останала во семејната куќа во селото Челопек која вчеравечер одеднаш беше зафатена од оган.
А пожарите не стивнуваат. Во нивното локализирање и гасење се ангажирани сите расположливи капацитети – на локалните самоуправи, Центарот за управување со кризи (ЦУК), војската, полицијата и граѓаните. Помош пристигна и од соседството, хеликоптери од Србија и возила, цистерни и пожарникари од Бугарија, а денеска се очекува и засилувањето од Словенија – 16 противпожарни возила и 46 пожарникари.

Според последните податоци што ги соопшти вчера директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, во земјава се активни 10 пожари, а најсериозна е состојбата во Општина Македонски Брод, како и во регионот на Пехчево и Делчево.

Поради алармантноста на ситуацијата, Управувачкиот комитет го прифати предлогот на Групата за процена и и предложи на Владата да донесе одлука за постоење кризна состојба на целата територија на државата во траење од 30 дена. Владата утрово во 08.30 часот ќе одржи седница на која ќе го разгледа ваквиот предлог.

– Состојбата се менува од час во час. Однапред не можеме да предвидиме како ќе се однесуваат пожарите зашто исклучително сувата вегетација, високите температури и ветерот придонесуваат за нивно брзо ширење и менување на правците, рече Ангелов во изјава за МИА.

Ангелов најави помош од Словенија и во летала, а тоа е побарано и од Грција, за што, како што информира, се очекува позитивен одговор.

За гасење на големиот шумски пожар во Пехчевско со кој беа зафатени селата Мачево, Робово и Умлена, првично беа испратени пет хеликоптери, два македонски и три српски, но веднаш по нивното пристигнување беа повлечени поради исклучително високите температури. Натчовечките напори на жителите, пожарникарите и сите инволвирани го спасија од опожарување манастирот „Св.Петка”.

Синоќа пристигна помошта од Бугарија – пет противпожарни возила кои се вклучија во гасењето на пожарот кај маалото Пасјак во селото Нов Истевник.

Вечерта активни беа два пожари во реонот на Прилеп, еден кај Челопек во Старо Нагоричане, а активни жаришта имаше и кај Липац, Кумановско.

Владата вчера одлучи да им додели по 10.000 денари парична награда на вкупно 300 лица (пожарникари и останати граѓани) кои помогнаа во гасењето на шумските пожари. Листата на граѓани кои ќе ја добијат наградата ќе биде утврдена во соработка со општините, Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи. На седница што се одржа вчера, Владата го задолжи Генералниот секретаријат, во консултации и соработка со ДЗС и ЦУК, да обезбеди сместување и храна за лицата кои како странска помош доаѓаат да помогнат околу пожарите. Заклучено е и да се обезбедат податоци за прифаќање техничка помош и помош во работна сила, понудена од Швајцарија, за обновување на објектите кои претрпеле штети од пожарите.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на седницата потенцира дека во акциите за гасење на пожарите безбедноста на граѓаните останува приоритет. Тоа го напомена и директорот на ЦУК, Ангелов.

XS
SM
MD
LG