Линкови за пристапност

Делта варијантата сочинува повеќе од 93 проценти од сите случаи на ковид-19 во САД


Бројките претставуваат брзо зголемување на распространетоста на варијантата од крајот на мај, кога таа изнесуваше околу три проценти од сите случаи

Американскиот центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) денес соопшти дека делта варијантата на коронавирусот претставува повеќе од 93 проценти од сите нови случаи на ковид-19 во земјата.

Ажурираните бројки на ЦДЦ заклучно 31-ви јули, покажуваат варијанта на делта, вклучувајќи ги и нејзините под-линии, од кои сите се класифицирани како варијанти на загриженост, сочинуваат повеќе од 93 проценти од сите случаи во САД во последните две недели од јули.

Во Ајова, Канзас, Мисури и Небраска, делта варијантата сочинува повеќе од 98 проценти од сите случаи.

Во регион вклучувајќи ги Северна и Јужна Дакота, Колорадо, Монтана, Јута и Вајоминг, делта варијантата сочинува повеќе од 95 проценти од сите случаи.

Бројките претставуваат брзо зголемување на распространетоста на варијантата од крајот на мај, кога таа изнесуваше околу три проценти од сите случаи.

ЦДЦ, исто така, вели дека дневниот просек на нови случаи во текот на минатата недела се зголеми на 66.606 дневно, од 40.597 претходната недела, што претставува зголемување од повеќе од 64 проценти.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG