Линкови за пристапност

СЗО бара итно запирање на третата доза вакцина, се додека не се вакцинираат и посиромашните земји


СЗО повикува на мораториум за третата доза барем до крајот на септември, за да му се даде на светот шанса да ја постигне својата цел да вакцинира најмалку 10 отсто од населението во секоја земја

Генералниот директор на Светската здравствена организација повикува на светски мораториум за третата доза на вакцинација до крајот на септември, за да им се овозможи на земјите со ниски примања да добијат повеќе почетни дози за вакцинација.

На брифингот со медиумите во седиштето на агенцијата во Женева, Тедрос Аданом Гебрејесус уште еднаш ги покрена нееднаквостите во распределбата на вакцините ширум светот, истакнувајќи дека повеќе од 80 проценти од четирите милијарди дози на вакцината, глобално, се наменети за земји со висок и среден приход, „иако тие сочинуваат помалку од половина од светската популација“.

И сега, рече шефот на СЗО, некои од тие нации се движат кон администрирање на засилувачи или трета доза за заштита од варијантата на делта вирусот, додека милиони луѓе во земјите со ниски приходи ја чекаат својата прва вакцина.

Тедрос рече дека земјите со помал приход вакцинирале по стапка од околу 1,5 дози на 100 луѓе, додека богатите нации вакцинираат со стапка од скоро 100 на 100 луѓе. Тој рече: „Потребен ни е итен пресврт, од мнозинството вакцини кои одат во земји со високи приходи, до мнозинството во земји со ниски приходи“.

Тој рече дека СЗО повикува на мораториум за третата доза барем до крајот на септември, за да му се даде на светот шанса да ја постигне својата цел да вакцинира најмалку 10 отсто од населението во секоја земја. Тој рече: „За да се случи тоа, потребна ни е соработка од сите, особено неколку земји и компании кои го контролираат глобалното снабдување со вакцини“.

Тедрос ги повика лидерите на Групата 20 економски сили (Г20) следниот месец во Рим да преземе конкретни обврски за поддршка на глобалните цели на СЗО за вакцинација.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG