Линкови за пристапност

Претседателот Бајден побара оставка од гувернерот на Њујорк Куомо


Американскиот претседател Џо Бајден рече дека гувернерот на Њујорк треба да си поднесе оставка по објавениот извештај од јавниот правобранител во оваа сојузна држава во кој се наведува дека Куомо сексуално вознемирувал повеќе жени прекршувајќи ги федералните и законите на сојузната држава, обвинувања кој тој ги отфрла.

„Мислам дека треба да си поднесе оставка“ рече на прес конференција Џо Бајден.

Летитија Џејмс, правобранителка на Њујорк, рече дека Куомо наводно таргетирал 11 сегашни и поранешни вработени во администрацијата на сојузната држава.

Истрагата утврдила „клима на страв“ креирана од однесувањето на Куомо која вклучувала непожелни бакнежи, допирања, гушкања и неприфатливи коментари, рече Џејмс.

Таа додаде и дека истрагата исто така утврдила дека гувернерот кој доаѓа од Демократската Партија се одмаздил на најмалку еден поранешен вработен поради поплаки за неговите постапки.

На прес конференција во Албани, главниот град на Њујорк, Куамо негираше дека направил нешто погрешно и изјави дека „никогаш не допрел никого на несоодветен начин“.

Во март Бајден рече дека Куамо ќе треба да си поднесе оставка доколку истрагата ги потврди обвинувањата.

Истрагата која траеше речиси пет месеци беше извршена од страна на двајца надворешни соработници најмени од јавниот правобранител. Тие разговарале со 179 луѓе, вклучително и оние кои поднеле жалби, актуелни и поранешни вработени во канцеларијата на гувернерот, како и други службеници.

Џејмс изјави дека истрагата била започната поради „херојството на жените кои проговориле“.

Се очекува дека извештајот ќе биде искористен во истрагата што ја спроведува Законодавниот дом на Њујорк за тоа дали има причини Куомо да се соочи со импичмент.

Некои информации во овој извештај доаѓаат од Асошиетед прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG