Линкови за пристапност

Во нападот кај Пентагон загина полициски службеник


Според Асошиејтед прес, полицаецот бил избоден со нож, а осомничениот бил застрелан од органите на прогонот и починал на местото на настанот

Полициски службеник во Пентагон загина за време на нападот во Пентагон во вторникот, изјави американски сенатор.

Американскиот сенатор Марк Ворнер од Вирџинија, американската држава каде што се наоѓа Пентагон, за Ројтерс изјави дека е тажен што дознал дека еден офицер починал. Асошиејтед прес, повикувајќи се на службени лица кои сакаа да останат анонимни, бидејќи не биле овластени да разговараат за ова прашање, вели дека полицаецот бил избоден со нож, а осомничениот бил застрелан од органите на прогонот и починал на местото на настанот.

Шефот Вудроу Кусе, кој ја води полицијата во Пентагон, на прес -конференција рече дека имало размена на огнено оружје и имало повеќе повредени лица.

Кусе не можеше да даде информации за напаѓачот или за можниот мотив.

„Ветувам дека ќе се вратам што е можно поскоро со повеќе детали, но не можам да ги објавам во моментов“, рече тој.

"Во вторникот околу 10:37 часот, полициски службеник во Пентагон беше нападнат на платформата" Метро бус". Местото на настанот е безбедно сега, и што е најважно, нема закана за нашата заедница“, рече Кусе.

ФБИ ја води истрагата, додаде тој.

Пентагон беше затворен неколку часа, а јавниот превоз беше пренасочен. Пентагон подоцна во текот на денот беше повторно отворен.

Агенцијата за заштита на силите на Пентагон соопшти дека таа област останува „активно место на злосторството“.

Во нападот во 2010-та година двајца полицајци на Агенцијата за заштита на силите на Пентагон беа ранети. Полицајците успеале да пукаат и да го убијат напаѓачот.

Некои информации во овој извештај доаѓаат од Асошиетед прес.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG