Линкови за пристапност

Пожарот кај Богородица ставен под контрола, Кочани вечерва мирно ќе спие


Според информациите на ЦУК во моментов се акртивни 13 пожари во скопскиот, струмичкиот, штипскиот, охридскиот и кумановскиот регион. Два хеликоптери на АРМ дејствуваат од воздух, Србија испрати помош од четири хеликоптери. Стотици пожарникари, припадници на Армијата и доброволци се на терен

СКОПЈЕ - Пожарот што попладнево избувна во граничниот појас меѓу месноста Милци и граничниот премин Богородица е локализиран и ставен под контрола од пожарникарите од Гевгелија и вработени во ЈП „Комуналец“, кои со помош од воени хеликоптери успеаја да ги изгаснат високите огнови и со тоа да ги спасат објектите на границата но и хотелите и караулата на АРМ кои се во непосредна близина.

Граничниот премин од пред десетина минути е повторно отворен

Кочанчани вечерва мирно ќе спијат. Пожарите се локализирани, градот е спасен, фирмите во индустирската зона исто така. Сепак материјалната штета е голем, две уништени куќи, возила, имот...


Пламените јазици кои се закнуваа да го проголтаат Бeлско маало и стотината семејни куќи ги нема.Но остана пустошот и апокалиптичните пејсажи. Тука неколку стотици граѓани, пожарникари и војници со црева, раце, лопати, шишиња и кофи даваа се од себе за да го спречат најлошто сценарио.

Кога снемуваше вода полнеа од базените на околните куќи. Со храброст, пожртвуваност и многу среќа го спасија маалото и спречија пожарот да продре во градот.

Кочани е безбедно но тоа не може да се каже за планинскиот региуон. Во подножјето на Осоговските планини беснееа два шумски пожари. Едниот кај Костин дол е локализиран но еден е сеуште активен. Стотина пожарникари, припадници на АРМ и територјалната заштита се обидуваат да го држат под контрола но според и информациите на надлежните без помош од воздух тоа нема да биде можно. А хеликоптери вечерва повторно нема да има бидејќи се ангажирани на други две локации.

Во кумановскиот регион, во Старо Нагоричане и кај Кокино, беснее пшожар каде што гори шума и сува трева на непреистапен терен. Пожарникасрки екипи засилени со припадници на АРМ се на терен а тука дејствува и хеликоптер на АРМ.

Од Центарот за управување (ЦУК) со кризи соопштија дека во моментов се активни 13 пожари низ државата а горат стотици хектари шума, дел на непристапни терени. Пожари се регистрирани во скопскиот, кумановскиот, штипскиот, струмичкиот и охридскиот регион.

Над двесте припадници на АРМ се терен а неколку единции се ставени во готовност.

Она што е клучно во моментов е дека голем дел од пожарите не можат да бидат локализирани или ставени под контрола без поддршка од воздух кој во моментов ја нема. Два хеликоптери на АРМ кои можат да оперираат само во текот на денот е се со што располага државата.

Затоа попладнево Србија испрати четири хеликоптери кои од утре ќе се вклучат во гаснењето на пожарите.

Вториот проблем е катастрофалната состојба на пожарникарските единици во Македонија. Според анализата на Центарот за граѓански комуникации недостигаат дури 536 пожарникари за да го задоволат законскиот минимум а во држвата има вкупно 241 противпожарно возило, со просечна старост на од 28 години.

Државата располага со три авиони за гаснење на пожари „ ер трактор“ кои веќе трета година се приземјени бидејќи не се сервисирани. Актулениот директор на дирекцијата Беким Максути е во трет обид овој пат со дозвола од владата да преговара без објава на тендер. Претходните два пропаднаа заради сомнеж за корупција. Комисиите за избор не биле составени со соодветен кадар, а во вториот јавен повик цената за сервисриање биле драстично повисока за иста услуга. ервисирање државата ќе ја чини 400 илајди евра. Но, и да добијат замена на дотраени делови, дирекцијата и владата треба веднаш да одвојат и 180 илјади евра за полиса за осигурување, бидејќи на 13 август истекува постоечката.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG