Белата куќа денес објави дека САД испратиле повеќе од 110 милиони дози вакцини произведени во САД, во повеќе од 60 земји ширум светот.
Во соопштението, Белата куќа рече дека поголемиот дел од вакцината е испратена преку Ковакс механизмот управуван од Светската здравствена организација, но и преку регионални партнерства, како што се Африканската унија и Карипската заедница.
Белата куќа рече дека донациите го одразуваат исполнувањето на ветувањето на претседателот Џо Бајден да даде најмалку 80 милиони дози на вакцини на други нации низ целиот свет.
Во соопштението се наведува дека администрацијата на Бајден ќе започне со испорака на половина милијарда дози од вакцината Фајзер во стотина други земји со ниски приходи.
Се очекува Бајден да разговара за пресвртницата за донациите и другите напори подоцна денес.
Објавата на претседателот ќе дојде во услови на зголемување на инфекциите во САД и низ целиот свет, поттикнати од многу заразната варијанта на делта сојот на коронавирусот.
Facebook Forum