Линкови за пристапност

Искоренувањето на вирусот „ќе биде малку веројатно“, според научниот совет на Британија


Во трудот, научниците ги истакнуваат шансите дека нова варијанта ќе ги избегне сегашните вакцини, велејќи дека тоа е „речиси сигурно“ да се случи. Најголемиот страв доаѓа од „антигенско поместување“

Научните советници на британската влада ја зголемија перспективата за водење вечна војна против коронавирусот, велејќи дека искоренувањето на вирусот „ќе биде малку веројатно“. И, предупредуваат „секогаш ќе има варијанти“.

Тие мислат дека вирусот може да еволуира на таков начин што ќе предизвика „многу потешки заболувања“. Во меѓувреме ќе бидат потребни превентивни мерки и ограничувања бидејќи постои „реална можност“ да се појават варијанти отпорни на вакцини.

Она што е застрашувачки, во извештајот објавен минатата недела од Британската научна советодавна група за итни случаи, инаку познат како САГЕ, научниците не ја намалуваат шансата за нова варијанта што ќе се појави со смртоносноста на Мерс, друг коронавирус, кој има стапка на смртност од 35 отсто.

Извештајот за можната долгорочна еволуција на вирусот беше објавен доцна во петокот, а опозициските политичари во Велика Британија се жалат дека бил објавен без многу помпа, со цел да се избегне публицитет за да не се поткопа довербата на британската јавноста во олеснувањето на ограничувања за пандемија и отворање на границите на земјата за патници од САД и ЕУ.

Во трудот, научниците ги истакнуваат шансите дека нова варијанта ќе ги избегне сегашните вакцини, велејќи дека тоа е „речиси сигурно“ да се случи. Најголемиот страв на САГЕ е од „антигенско поместување“, мали промени во гените на вирусот што може да доведе до промени во протеините на неговата површина. Повеќето вакцини во сегашна употреба се насочени кон површинските протеини на коронавирусот. Научниците, исто така, се грижат за можноста варијантите повторно да се комбинираат за да станат поинфективни.

Почнувајќи од следниот месец, Германија ќе започне да администрира засилувач на вакцината Фајзер или Модерна за лица на возраст над 60 години, жители на домови за нега и лица со компромитиран имунолошки систем. Исто така, третата вакцина ќе им биде понуден на Германците кои примиле вакцини Астра Зенека или Џонсон и Џoнсон, чија ефикасност против варијантата Делта се смета дека е слаба.

Во САД официјалните претставници го разгледуваат барањето на производителот на вакцини „Фајзер“ да се овластат третите дози, но досега нема одобрение.

Поранешниот шеф на американската Федерална администрација за лекови, рече дека верува дека следните месеци во САД ќе почнат да се даваат вакцини за засилување на вакцините на постарите луѓе и оние со нарушен имунолошки систем.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG