Линкови за пристапност

Делта варијантата на коронавирусот носи дополнителни рестрикции ширум светот


Јапонија прогласи вонредна состојба, Сиднеј затворен се додека не се вакцинира половина град, во САД или вакцина или тестирање два пати неделно

Во САД повеќе јурисдикции бараат вработените да се вакцинираат или да подлежат на редовно тестирање, бидејќи земјата се соочува со пораст на инфекции за кои се обвинува варијантата делта.

Во Денвер, Колорадо, градоначалникот Мајкл Хенкок во понеделникот објави дека градот ќе им наложи на сите вработени во градот и работниците од приватниот сектор во услови на висок ризик да бидат вакцинирани против вирусот до крајот на септември.

Гувернерот на Њу Џерси, Фил Марфи, рече дека државните здравствени работници, заедно со работниците во поправните установи или центри за помош на живеење, мора да се вакцинираат или да се тестираат двапати неделно.

Во државата Њујорк, гувернерот Ендрју Комо ги повика бизнисите да ги отфрлат невакцинираните клиенти. Тој рече дека тоа е во најдобар интерес на бизнисите бидејќи многу клиенти сакаат да знаат дека клиентот до нив е вакциниран.

Американските центри за контрола и превенција на болести во понеделникот соопштија дека 70 отсто од возрасните во САД примиле барем една доза од вакцината против коронавирус.

Со загриженоста за нагло зголемување на инфекциите со ковид што ги зафатија болниците во Јапонија, јапонскиот премиер Јошихиде Суга во вторникот објави дека само сериозно болните пациенти со коронавирус или оние кои се изложени на ризик да станат такви ќе бидат примени на лекување.

Во Јапонија има околу 10 илјади нови случаи дневно, што го натера шефот на Јапонската медицинска асоцијација денес да прогласи вонредна состојба на национално ниво.

Во Кина, властите денес изјавија дека сите жители на Вухан ќе бидат тестирани откако градот ги забележа своите први домашни инфекции во повеќе од една година.

Вирусот за прв пат беше откриен во Вухан кон крајот на 2019-та година, а градот со 11 милиони луѓе беше ставен под строго заклучување во јануари 2020-та година, кое траеше 76 дена.

Светската здравствена организација рече дека е важно внимателно да се следат ваквите промени во вирусот што би можеле да бидат поотпорни на лекови и вакцини, како и повеќе геномско секвенционирање на тестовите за ковид-19 за следење и проучување.

Земјите исто така брзаат да ги вакцинираат своите популации за да ги намалат инфекциите.

Во Австралија, властите рекоа дека Сиднеј ќе биде затворен се додека не се вакцинира половина од градот.

Австралиската авиокомпанија „Квантас“ во вторникот изрази помал оптимизам, велејќи дека очекува ограничувањата во Сиднеј да бидат во сила најмалку два месеци и отпушти 2.500 од нејзините 26.000 работници во Австралија.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, АФП и Ројтерс.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG