Линкови за пристапност

Критично во Кочани, пожарот се спушти кон градот и зафати неколку куќи


Градоначалникот чија куќа исто така е зафатен од пламените јазци бара помош, граѓани во паника ги напуштаат домовите поради густиот чад. Во еден дел од градот превентивно е исклучена струјата

Критична е ситацијата во Кочани откако големиот шумски пожар кој беснееше во околината на градот, носен со силен ветер зафати десетина куќи, и се заканува да проголта две населби.

Градоначалникот бара помош од институциите, додека има шанси да се спречи огнот да се прошири низ градот.

На социјалните мрежи се шират апели на кочанчани во кои бараат помош но и се организираат сами за да се справат со пламените јазици


„Потребни се доброволци: Сите што се во можност нека се упатат кон Варницата( Бели плацо на шумство) Најкритично. Шерувајте“,е последниот пост на страната Кочани на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Три возила со 15 пожарникари од Скопје треба да пристигнат во Кочани за еден час и да им помогнат на колегите да се справата со стихијата и да ја спречат катастрофата.

Попладнево избувнаа два пожара во ридско-планинското подрачје околу Кочани кои зафатија десетици хектари борова шума, нискостеблести растенија и лозови насади.

Поради силниот ветер и сувата вегетација огнот брзо се шири во месноста Сламерник во западниот дел над градот и веќе зафати дел од куќите и помошните објекти во населбата Белско Маало. Екипи на Територијалната противпожарна единица од Кочани се ангажирани во неговото локализирање, а помош е побарана и од соседните единици од Виница и Пробиштип.

Истовремено, пожар зафати шума во атарите на планинските села Новоселани и Костин Дол, а поради конфигурацијата на теренот отежната е интервенцијата за негово гаснење.

Во локализарањето на пожарите е вклучено и месното население, а како превентива е исклучена електричната енергија во западниот дел на Кочани.

Според жителите на кочанското село Бели, кое е во непосредна близина на градот, пожарот почнал околу 14 часот. Првично снемале струја, а потоа се распламтил поради ветерот кој го разнесува на сите страни.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG