Линкови за пристапност

Пендаровски: „Мора да ги надминеме поделбите и да се обединиме“


Слободата е највисокиот идеал и цел на еден народ. Таа започнува како идеја на една генерација која сака да биде своја на своето и самата да одлучува за својата иднина“, порача претседателот Стево Пендаровски во видео порака по повод 2 Август, Илинден

СКОПЈЕ – Враќање на довербата на граѓаните, чување и одржување на слободата и обединување околу изворните Илинденски и Асномски идеали. Ова се трите клучни пораки кои денеска ги испрати претседателот Стево Пендаровски за најголемиот македонски празник 2 Август, Илиден.

Оваа година тој не одржа говор на Мечин Камен како што досега беше традицијата и одлучи да им се обрати на граѓаните со видео порака.

Тој кажа дека слободата која почна како идеја на една генерација и нависоката цел на еден народ. Претседателот ја нагласи улогата на Илинденците, делата на партизаните и Првото заседание на АСНОМ во остварувањето на вековниот сон, самостојна држава,

„На 2 август 1903-та, борбата за слобода ја започна револуционерната илинденска генерација која во епохата на монархии прогласи демократска република, а во времето на тесногради национализми реши да гради соживот меѓу различните. Борбата за слобода ја продолжи славната антифашистичка генерација која ги надмина пропагандите и поделбите и се сплоти околу идејата за слободен народ во своја, слободна држава. Како што сведочи и Манифестот, на 2 август 1944-та, делегатите на АСНОМ го остварија сонот за слободна македонска држава во која сите нејзини граѓани се еднакви и рамноправни пред законите, независно од нивните разлики и уверувања“, изјави претседателот Пендаровски.

Добиената слобода мора да се одржува со посветена реабота на секоја нова генерација.

„ Слободата се раѓа како идеа, се стекнува со борба, а се одржува преку напорите на секоја генерација, на секој еден од нас“, заклучи претседателот.

Гоцворејќи за независна Македонија кажа дека во изминатите три децении имало и подеми и падови и многу искушенија кои предизвикале длабоки кризи и поделби. Затоа тој повика на обединување.

„ Во овие времиња на неизвесност за нас, но и за целиот свет, ќе мора одново да ги надминеме внатрешните поделби и да се обединиме околу изворните илинденски и АСНОМ-ски идеали. Да ја вратиме довербата на граѓаните во државата преку јакнење на демократските институции и владеењето на правото. Да им овозможиме на младите тука да го градат својот свет и да ги почитуваме различните од нас, како претпоставка за општество на рамноправни граѓани“, рече Пендаровски.

Претседателот годинава е организатор на прославата во Крушево каде во претпладневните часови ќе има панихида во храмот „Св. Никола“, а ќе се положат и цвеќиња на гробот на Никола Карев и на споменикот на хероите на Слива. Ќе има и празнична програма пред Македониумот, а централниот дел од прославата ќе започне во 18 часот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG