Линкови за пристапност

„Мини Шенген“ од денеска е „Отворен Балкан“


Укинување на царини, без пречки за движење на граѓаните и стоката, слободна трговија, една економска зона. Ова се целите на иницијативата кои треба да стартуваат од јануари 2023 година

СКОПЈЕ - Рампите и граничните премини СевернаМакедонија, Србија и Албанија од 2023-та година да бидат отворени за граѓаните на овие три држави. Укинување на царините ислободен проток на стоки, услуги и капитал. Ова е проекцијата за иднината на премиерите на Македонија и Албанија Зоран Заев и Еди Рама и на претседателот на Србија Алекснадар Вучиќ кои од Економскиот форум кој денеска се одржа во Скопје порачаа дека наскоро ќе стане реалност.

Иницијативата за регионална соработака „Мини Шенген“, од денеска доби ново име „Отворен Балкан“.

„Наместо ѕидови, изградивме мостови. Наместо политиката и минатото, се вртиме кон развојот и иднината, кој сака може да ни се придружи“ е заедничката порака која ја испратија тројцата лидери.

„Ова ќе биде една економија, 100 отсто слободна трговија за стоките, услугите и сервисите, без пречки за движење на луѓето и капиталот. Тоа што ќе може да го прави жител на Северна Македонија тука, ќе може да го прави и во Драч или во Ниш. Ваков регион ќе отвори огромни перспективи во глобалната борба и конкуренцијата“, изјави премиерот Заев.

Тој нагласи дека претставниците на повеќе од 350 компании, учесници на Форумот, се капиталот на оваа иницијатива. Нивните дискусии, дебати, предлози и проекти што тука ги афирмираа и ги здружија, сведочат дека иницијатавата Отворен Балкан е платформата која му е потребна на регионот.

Премиерот на Албанија Еди Рама на Економскиот форум во Скопје рече дека иницијативата има за цел заживување на четирите основни слободни на Европската унија.

„Слободата на движењето на луѓето, движење на добрата, капиталот и на услугите. Ние не сакаме да живееме во минатото, преку оваа иницијатива сакаме на овој регион да му донесеме пример каков што е Европската унија“, рече

Околу критиките дека иницијативата наликува на создавање на нова, Голема Југославија, Рама одоговри дека тоа е некаков паралелен свет.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, повтори дека станува збор за инзворедна идеја, со која ќе се развие стопанството во трите држави.

„Нашите три држави ќе ја завршат година со 76 милијарди евра вкупен брут домашен производ. Тоа е многу помалку од Словачка. Знете ли за колкувреме можеме да ја стигнеме? За максимум 5-6 години ќе ја престигнеме“, рече Вучиќ..

Заев, Вучиќ и Рама потпишаа три меморандуми за соработка – за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки, за слободен пристап до пазарот на труд и за помош и заштита од катастрофи.
Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан има за цел Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија со соодветни капацитети да си помагаат едни на други во случај на катастрофи.

Меморандумот за разбирање за соработка за олеснување на увозот, извозот и движењето на стоки во Западен Балкан има за цел да ја зголеми и зајакне економската соработка меѓу трите земји. Една од најважните придобивки од овој меморандум е поедноставувањето на процедурите поврзани со увоз, извоз и транзит на стоки во најголема можна мера со размена на податоци меѓу царинските и другите надлежни органи.

Со Меморандумот за разбирање за соработка во врска со слободен пристап до пазарот на трудот во Западен Балкан се изразува волјата да се олесни движењето на луѓето за да се обезбеди полесен и послободен пристап до пазарот на трудот со отстранување на работни дозволи и поедноставување на постапките за дозволите за привремен престој.

Лидерите договорија нови средби и нови проекти на есен во Белград и Тирана.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG