Линкови за пристапност

Заев ги пречека Вучиќ и Рама во пресрет на утрешниот Економски форум


На Економскиот форум ќе присуствуваат претставници на повеќе од 300 компании и меѓународни институции, а на настанот ќе биде објавено и новото име на регионалната иницијатива која досега беше неформално нарекувана „Мал шенген“

СКОПЈЕ - Со прошетка по Кејот и на Плоштдот Македонија а потоа и со кафе и печена пченка од околните продавачи, премиерот Зоран Заев и скопскиот градоначалник Петре Шилегов, ги пречекаа претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ и премиерот на Албанија, Еди Рама, кои попладнево пристигнаа во Скопје во пресрет на утрешниот Економски форум во рамките на иницијативата „Мини шенген“.

„Попладнево им посакав добредојде на претседателот на Србија, Вучиќ и на премиерот на Албанија, Рама после што имавме заедничка прошетка по новиот скопски кеј, каде домаќин ни беше градоначалникот Шилегов. Разговаравме и со граѓаните во центарот на Скопје, како најава на Економскиот форум за регионална соработка кој за првпат се одржува во Северна Македонија, како и за отворањето на нови перспективи за нашето поврзување. Балканот е нашиот заеднички европски дом во кој се поддржуваме и во кој ги унапредуваме односите. Нашиот поглед е напред, кон подобро утре, кон економски раст и развој, кон добробит за нашите народи“, на пиша премиерот Заев на неговата официјална страна на социјалната мрежа „Фејсбук“.

Српскиот претседател Александар Вучиќ, соопшти дека ова е многу важна средба бидејќи ќе бидат потпишани многу битни договори меѓу трите држави.

„Едниот се однесува на побрз проток на стоки и услуги меѓу трите земји, другиот за заедничко дејствување по прашањето на природните катастрофи, а третиот за создавање единствен пазар на труд, што подразбира укинување на работните дозволи“, изјави Вучиќ и додаде дека политички ќе придонесе за понатамошно консолидирање на мирот и поблиска соработка меѓу народите и ќе придонесе за стабилност за целиот регион.

На утрешниот форум ќе се официјализира името на регионалната иницијатива која досега се нарекуваше „Мал шенген“.

Како што појаснија од Владата, Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан и Меморандумот за разбирање за олеснување на увоз, извоз и движење на стоки во Западен Балкан произлегуваат од иницијативата за напредна регионална економска соработка меѓу Република Северна Македонија, Република Србија и Република Албанија.

Со Договорот за соработка за заштита и спасување од катастрофи во Западен Балкан договорните страни ја регулираат рамката на условите за доброволно давање на помош во случај на катастрофи.Договорот исто така предвидува и обврска за известување за закани, процедури за поминување на границата за целите на спасување и давање помош, заштита и поддршка на работата на спасувачките тимови и индивидуални експерти, начин на надомест на штети, начин на обезбедување грижа и помош на евакуирани лица и користење на средства за комуникација.

На Економскиот форум ќе бидат присутни претставници на повеќе од 300 компании ќе бидат присутни и меѓународниинституции.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG