Линкови за пристапност

Фото: Георгиевски со сребро на градите!


На заминување кон Токио, тој порача: „Се враќам со медаља“. Ветувањето го исполни!

Олимпиецот Георгиевски загуби во финалето во категоријата над 80 килограми од најдобриот такевондист во светот, русинот Владислав Ларин, со резултат 15-9

Во жестока битка посебно во втората рунда во која Георгиевски се најде на два негатива (8-10), иако имаше и минус пет по почетокот на втората рунда (2-7), се држеше нашиот таеквондист до завршницата на третата рунда, кога прими хед-кик за 13-8 на 45 секунди пред крајот, па Ларин практично со тој потег го реши мечот.

На патот до финалето македонскиот таеквондист ги совлада актуелниот светски првак Алба Кастиљо од Куба, Сејду Гбане од Брегот Слонова коска и Јужнокореецот Ин Дон.

Неговиот тренер Дарко Костовски не штедеше пофални зборови.

„Го имаме најголемиот историски успех откако нашата Македонија е независна. Браво лаву, браво јунаку, ти си новата спортска македонска икона и идолот на новите генерации“, објави Костовски на „Фексбук“.

Честиташе и претседателот Стево Пендаровски.

„Сребрениот вреден како злато. Дејан, ти си нашиот олимписки херој. Твојот успех е историски за Северна Македонија“, напиша претседателот Пендаровски.

Сребрениот медал на Георгиевски е второ олимписко одличје за македонскиот спорт по бронзата на борачот Мохамед Ибрагимов на Игрите во Сиднеј во 2000-та година.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG