Линкови за пристапност

Затворски казни за организаторите на насилствата во Собранието од 27 април


Обвинетите добија казни пониски од минимално предвидените за делото за кое беа обвинети - „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста” бидејќи соработувале во постапката и поради законот за амнестија.

СКОПЈЕ - Шест и пол години затвор е највисоката казна која е изречена на процесот против организаторите за упадот и насилствата во Собранието од 27 април познато како „Крвавиот четврток“ а му беше изречена на екс спикерот Трајко Вељаноски. Обвинетите Миле Јанакиески и Спиро Ристовски добија по шест години и три месеци затовр, додека екс шефот на УБК, Владимир Атанасовски е осуден на шестгодишена затворка казна.

Тие беа обвинети за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста”

Судијата Илија Трпков, при изрекувањето на пресудите соопшти дека казните се намалени во законски дозволените граници поради коректно држење и соработка на обвинетите во постапката и поради законот за амнестија.

„Тоа не е демократија. Тоа не е патриотизам. Да се организира упад и да се тепаат парламентарци во законодавниот дом. Државата се брани со срце, ум, правилни стратегии и потези. Ако на секоја одлука со која не се сложуваме насилно се влагува во суд, собрание или друга институција тогаш држава нема да имаме“, кажа Трпков при образлоѓувањето на пресудата.

Тој соопшти дека доказите недвосмилесно го потврдиле обвинението и дека со упадот и наслствата врз легитимно избратите преставници на граѓаните бил загрозен Уставот. Секој од обвинетите вклучувајќи ги и бегалецитеНикола Груевски Никола Бошковски имале своја задача и спроведувале план.

„Вељановски свесно го крши Деловникот и преку ред му дава збор на пратеникот Ибраими кој ја пее албанската химна. Јанакиески и Рисотвски од седиштето на партијата даваат насоки на членството но и на групите организирани и подготвени за упад. Тие биле свесни дека ќе има насилство. Овој настан е смислен, организиран и планиран, а доказите ја потврдија упорноста на обвинетите во извршувањето на кривично дело“, рече Трпков.

Обвинителството побара да им се укине куќниот притвор на обвинеите и да се спроведат на издржување на затворска казна на што реагираа самите обвинети.

„Мислам дека е нечовечки по четврти пат да ме носат во „Шутка. Сите имаме фамилија, малолетни деца, јас 3 години сум веќе во притвор, 5 години ми е одземен пасошот и сум под мерки и мислам дека ова е малтретирање и изживување со човекови судбини“, рече Јанакиески.

Судот го одби барањето на Обвинителството и до правосилноста на пресудата сите четворица обвинети се во домашен притвор

Според обвинителниот акт Јанакиески и Ристовски добивале инструкции и насоки од тогашниот лидер на партијата Никола Груевски и испраќале пораки по претседателите на месните комитети за протестите да добијат на масовност. Вељаноски пак имал задача по секоја цени да го спречи изборот на Талат Џафери на за нов собраниски спикер.Затоа и му дава збор на пратеникот Ибраими да ја пее албанската химна. Атанасовски пак бил задолжен за координацијаи мобилизација на членовите на патриотските друштва а потоа и дал наредба да се одземат хард дисковите со снимките од безбедноските камери поставени во Собранието за да ги сокрие трагите и да ги уништи доказите. Никола Бошкоски пак, кусо по упадот во Собранието, со „голф“ на Управата за безбедности и контраразузнавање донел пиштоли, панцири и автоматско оружје кое требало да биде искористено во нападот.

За насилствата во Собранието, во март 2019 година на вкупна затворска казна од 211 години беа осудени 16 лица. Највисока казна од 18 години затвор доби Митко Чавков, поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ). Игор Дурловски беше единствениот кој доби ослободителна пресуда. На почетокот на процесот на обвинителната клупа беа 33 лица меѓу кои беа и петмина пратеници. Меѓутоа, по носењето на Законот за амнестија во декември 2018 година, амнестирани беа 15 обвинети вклучувајќи ги и пратениците Крсто Мукоски и Сашо Василевски кои ја отворија вратата од Собранието за толпата да упадне внатре и да ги нападне и претепа нивните колеги во Парламентот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG